УЕФА покренува истрага против Ерменија и Албанија, поради сомневања дека одиграниот натпревар во неделата во Ереван бил наместен.Сѐ започнало по пишувањето на албанските медиуми дека четворица фудбалери на Ерменија добиле по 500.000 евра намерно да го изгубат мечот, а набрзо веста се проширила низ Европа и иницирала истрага.
Потврдата дека сето тоа ќе се провери пристигнала од висок функционер на УЕФА.
„Штом беше покрената таква медиумска приказна, УЕФА ќе се вклучи во процесот. Ќе побара извештај од делегатите и судиите со прашање дали нешто им изгледало сомнително. Можеби на мечот присуствувал и посебен набљудувач, иако се доволни само судијата и делегатот. Каде што има чад, има и оган. Затоа би требало да се покрене истрага“ – објаснува Душан Маравиќ.
Ако се утврдат нечесни дејствија, нема сомнеж дека Албанците ги чека драконска казна и исфрлување од ЕП. Во тој случај, Србија би отишла во бараж, додека Данците би профитирале со директен пласман.
„Данците ги обожуваат овие ситуации. Едвај чекаат да видат нечија туѓа мака, тие се расипани. Разочаран сум од нивното однесување. Тие глумат дека се некој уреден свет, а дека ние сме дивјаци. Всушност, тие се полоши од сите нас“ – огорчено изјавил Маравиќ.Сѐ започнало по пишувањето на албанските медиуми дека четворица фудбалери на Ерменија добиле по 500.000 евра намерно да го изгубат мечот, а набрзо