УХМР предупредува: Денеска врнежите ќе бидат пообилни

Денес времето ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд и ретки грмежи. Пообилни врнежите ќе бидат попладне во западните и јужните делови, каде се очекува да наврнат околу 40 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен, а во југоисточните делови од југоисточен правец. Температурата ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.Во Скопје денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни попладне. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата ќе достигне до 18° С.
И утре ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во југозападните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.
Во Скопје утре во текот на  денот ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои кон крајот на денот и во текот ќе бидат послаби.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Повторно повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. Температурата ќе биде во благ пораст, соопшти УХМР Македонија.
Оттаму препорачуваат во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност, и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја како и да  се преземат соодветни активности за заштита од поплави.Во Скопје денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни попладне. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата ќе достигне

Пронајдете не на следниве мрежи: