Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност која повеќе ќе биде застапена во источните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе изразен во Повардарието.Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер.Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени.
И во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од 25 до 32 степена. УВ-индексот ќе има вредност 8.
Во недела ќе има зголемување на облачноста со повремени локални врнежи од дожд, поинтензивни на југозапад каде ќе бидат проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика пад на дневната температура за околу пет степени и ќе се движи од 20 до 28 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.
Од понеделник ќе преовладува сончево и топло време со позначителен пораст на дневната температура. УВ-индексот ќе има Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала облачност и с