Вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот денеска престануваат да важат. Тие беа активирани на 8 јануари поради зголемените концентрации на ПM 10 честички во воздухот.Одлуката за укинување на мерките против аерозагадувањето ја соопштија вчера Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје, затоа што среднодневните концентрации на ПМ10 (200 µг/м3) биле под дозволената граница, односно само една мерна станица покажала поголемо загадување од дозволениот праг на загадувачките материи во воздухот.
Престанувањето на важењето на вонредните мерки значи и дека од денеска е укинат бесплатниот превоз во автобусите на јавниот градски превоз, кој ќе се наплаќа според постојната тарифа.
Вонредните мерки и препораки Градот Скопје ги воведе по добиеното соопштение од МЖСПП дека праговите на алармирање на ПМ10 (200 µг/м3) во два последователни дена се надминати на две мерни станици – Ректорат и Лисиче.
Град Скопје соопшти дека мерките и препораките ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.
И покрај расчистувањето на воздухот, Град Скопје препорача граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило и да се користи јавниот превоз.
– За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот, апелира Град Скопје.Одлуката за укинување на мерките против аерозагадувањето ја соопштија вчера Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје,