Украдени над 25 илјади евра од возило во Тетово

Loading...

Непознати сторители од возило  „Фолсфаген туран“ со швајцарски регистерски таблици паркирано во Тетово украле над 1,6 милиони денари.Сторителите го скршиле стаклото од предната десна врата и по целосното пребарување  од внатрешноста на возилото, сопственост на Б.К. (41) од Порој, одзеле  кафена чанта во која имало 25 илјади евра, паричник со 1.700 швајцарски франци, мобилен телефон, две банкарски картички, патна исправа, швајцарска лична карта, возачка дозвола, Ц-виза и клуч од хотелска соба.
Со одземеното, како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сторителите незабележани од никого, се оддалечиле од местото противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на 1,6 милиони денари, а причинетата материјална штета изнесува 10 илјади денари.
Извршен е комплетен увид, се расветлува пријавеното и се работи на откривање на сторителите.
Возилото било паркирано на улица „Маршал Тито“ во Тетово. Кражбата била извршена вчера во периодот од 19:30 и 24 часот.Сторителите го скршиле стаклото од предната десна врата и по целосното пребарување  од внатрешноста на возилото, сопственост на Б.К. (41) од П

loading...