Од стан на булеварот „Гоце Делчев“ во Гостивар украдени се пари, накит и два пиштола во вредност од околу 20 илјади евра.Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, крадците го искористиле отсуството на семејството во текот на вчерашниот ден и во периодот од 7:30 до 16 часот влегле во станот и ја извршила кражбата.
Ограбениот 56-годишен Д.С. пријавил дека од спалната соба биле одземени два пиштоли со калибар 9 и 7,65 милиметри за кои имал дозвола, 50 илјади денари и повеќе парчиња златен накит. Вредноста на украденото се проценува на 1,3 милиони денари.
За една недела ова е втора тешка кражба во Гостивар. Претходно, од дом на гостиварец беше украден накит со вредност од близу 30 илјади евра.Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, крадците го искористиле отсуството на семејството во текот на вчерашниот ден и во периодот од 7