Украина ќе добие оружје од 5 НАТО-членки?!

Висок соработник на украинскиот претседател Петро Порошенко објави дека со пет земји-членки на НАТО е постигнат договор за време на самитот во Велс за обезбедување оружје и воени советници.Јуриј Луценко, кој е лидер на партијата „Блок на Петро Порошенко“, на неговата Фејсбук станица објави: „На НАТО самитот се постигнати договори за обезбедување воени советници и снабдување со модерно вооружување од САД, Франција, Италија, Полска и Норвешка“. Тој не дава дополнителни информации.
Официјални претставници во НАТО претходно имаат изјавено дека Алијансата нема да испраќа оружје во Украина, која не е земја-членка, но оти индивидуалните членки можат да изберат дали тоа ќе го сторат или не.
Русија остро се противи на блиските врски меѓу Украина и НАТО. Украинскиот претседател учествуваше на дводневниот самит во Велс, кој заврши во петокот.
Објавени детали од примирјето
Јуриј Луценко
Истиот ден во Минск беше потпишано примирје меѓу украинските претставници во трилатералната контакт-група и претставници на проруските бунтовници. Документот под наслов „Протокол за резултатите од консултациите на трилатералната Контакт група“ денеска го објави ОБСЕ.
Во 12 точки се содржани мерките кои треба да бидат преземени, доколку прекинот на огнот во источниот дел на Украина остане во сила. Во нив се предвидува специјален статус за Доњецката и Луганската област. Планот предвидува децентрализација на власта, продолжување со „инклузивен сенационален дијалог“ и амнестија за проруските сили.
Истовремено, од Украина „треба да бидат повлечени сите нелегални воени формации, воената опрема, како и „милитантите и платениците“. Натаму се предвидува меѓународните набљудувачи на ОБСЕ да го контролираат прекинот на огнот во Украина и на украинско-руската граница, ослободување на сите воени заробеници и отворање хуманитарни коридори. Покрај тоа, на границата меѓу Украина и Русија, со помош на ОБСЕ, ќе биде воведена „безбедносна зона“.Јуриј Луценко, кој е лидер на партијата „Блок на Петро Порошенко“, на неговата Фејсбук станица објави: „На НАТО самитот се постиг

Пронајдете не на следниве мрежи: