Украина нема да се откаже од Крим, а после Обама се огласи и Хејг

Украина никогаш нема да се откаже од Крим, изјави денеска новиот украински премиер Арсениј Јацењук на прес-конференција по повод посетата на британскиот шеф на дипломатијата Вилијам Хејг.  
 – Секој евентуален обид на Русија да го преземе Крим нема да има успех. Дајте ни малку време. Воената опција не е на маса, наведе Јацењук, додавајќи оти на официјален Киев сега му е потребна економска и политичка поддршка.
 Тој изрази уверување дека Украина ќе доби поддршка од западните партнери.
 Хејг ја предупреди Русија на последиците од кризата на Крим, кој сега практично е под контрола на руските сили.
 – Ако Русија продолжи по овој пат, ќе мораме јасно да кажеме дека тоа не претставува прифатлив начин на однесување. Има работи кои ние можеме и мораме да ги направиме по повод тоа, посочи Хејг највестувајќи ја можноста од економски санкции против Москва, а исклучувајќи ја воената акција.
 Извор: МИА
 
  
 – Секој евентуален обид на Русија да го преземе Крим нема да има успех. Дајте ни малку време. Воената опција не е на маса, нав

Пронајдете не на следниве мрежи: