Украина постигна договор со Русија за повлекување на украинските сили од Крим во комплетен состав заедно со нивното оружје, соопшти денеска министерот за одбрана на Украина, Игор Тењух.- Генералштабот во Киев го завршува разгледувањето на планот за дислоцирање на воените единици. Повеќе од 6.500 украински војници и членови на нивните семејства планираат да го напуштат Крим, истакна Тењух.
На Крим и Севастопољ се наоѓаа вкупно 18.800 украински војници, меѓу кои 11.900 припадници на Воената морнарица и 2.900 на Военото воздухопловство.
Министерот Тењух потврди дека 4.300 војници бараат да ја продолжат својата служба во армијата на Украина и заедно со 2.200 членови на нивните семејства да бидат евакуирани од Крим
Проруските сили, кои веќе три недели го контролираат Крим, во последните неколку денови ги презедоа повеќето украински воени бази и бродови на полуостровот, најчесто без борба.
Минатата недела Крим по пат на референдум се присоедини кон Русија. Властите во Киев вчера наредија украинските војници да се повлечат од Крим, соопштувајќи дека тие ќе бидат распоредени во останатиот дел од земјата.
– Војниците на Крим три недели не знаеја каква е состојбата во Киев. Се случи хаос. Тие даваа отпор без да знаат зошто, каков е планот на Киев и каква е нивната задача, тврди украинскиот воен експерт, Дмитро Тимчук.
Претставникот на украинскиот претседател Олександр Турчинов на Крим, Серхиј Куницин денеска поднесе оставка во знак на протест поради однесувањето на киевските власти, кои, според него, неподготвени го дочекале приклучувањето на Полуостровот во составот на Русија.- Генералштабот во Киев го завршува разгледувањето на планот за дислоцирање на воените единици. Повеќе од 6.500 украински војници и членови на нивн