Украинската опозиција се степа со полицијата пред судот во Киев

Тепачка избувна во судот во Киев, каде што во средата требаше да започне сослушување на сведок во случајот на убиството на познатиот украински бизнисмен Евгениј Шчербан од 1996 година, за што обвинителството како еден од нарачателите ја обвинува поранешната премиерка Јулија Тимошенко.Судирот избувнал меѓу пратениците од опозицијата и полицијата, која се обидувала да ги изнесе зградата откако судот наредил да се испразни судницата поради нарушувањето на редот во неа.Меѓу настраданите се пратеничките Татјана Сљуз, Људмила Денисова и Татјана Кужел, кои биле притисната на вратата од полициските службеници во обид да ги принудат да го напуштат судот. „Што правите, престанете, копилиња!“, реагирала Сљуз, цитира украинската агенција Корреспондент.net.Покрај тоа, за време на стампедото биле скршени клупите за аудиториумот во судницата, а меѓу повредените има и еден полицаец кој имал исеченица на вратот.Како што соопшти адвокатот на Јулија Тимошенко, пратеник Сергеј Власенко исто така треба да плати парична казна од 17 илјади хривни (околу две илјади американски долари)  за непочитување на судот.Претходно државната затворска служба на Украина објави дека поранешната премиерка Јулија Тимошенко  „одбила категорично да учествуваат во расправата за учество во испитување на сведокот“.
Во ноември 1996 година, бизнисменот Евгениј Шчербан, кој тогаш ја извршуваше функцијата заменик на претседателот на украинскиот парламент (Радата), беше ликвидиран на аеродромот во источниот град Доњецк. Во нападот беа убиени и неговата сопруга и еден припадник на персоналот на аеродромот. По 2000 година за ова убиство беа уапсени и осудени на затворски казни осум лица. Тројца од нив се осудени на доживотни затворски казни/Павел Лазаренко кој во периодот 1996-1997 година беше премиер на Украина, е осуден како главниот налогодавец на убиството. Тој моментално отслужува затворска казна во САД поради перење пари.Според дел од обвинението  „парите префрлени на сметките на убијците потекнуваат од компанијата во сопственост на Лазаренко и Тимошенко“.Дури, компанијата „Somali Enterprises “којашто ги префрлала парите за убиството на Шчербан, исто така, префрлала пази за купувањата на Јулија Тимошенко на капути, будни, накит и плаќање на нејзините хотелски и ресторански сметки.Случајот Тимошенко предизвика тензии на релација Украина и Европската унија. Претседателот Јанукович е под притисок на ЕУ да ја ослободи лидерката на опозицијата којашто ја победи на претседателките избори во февруари во 2010 година. Тимошенко и нејзините приврзаници тврдат дека станува збор за политички мотивиран процес.
МакфаксТепачка избувна во судот во Киев, каде што во средата тр

Пронајдете не на следниве мрежи: