Украла пари од нејзината баба и ја оставила беспомошната старица да…

Измамничка украла 140.000 фунти (околу 175.000 евра) од својата баба, а старицата останала без пари за сметки и греење.Рут Госли (89), останала без греење, а нејзината внука потрошила 10.000 фунти за одмор во бања и 21.000 фунти за да си купи нов автомобил. Домот на старицата бил толку ладен, што полицајците кои дошле да земат изјава од неа, морале да останат во капутите.
Во судот било речено дека внуката Кејти Госли Шо (38), трошела пари на луксуз, патувала во странство, престојувала во хотели и си купувала облека.
Таа не покажувала никакви емоции кога поротата во Јорк ја прогласила за виновна за кражба и две измами. Судијата ја предупредил дека за своите недела ќе добие затворска казна.
По судењето, бабата изјавила дека ја сака својата единствена внука, но таа не добила ниту извинување.
Таа раскажала дека останала без греење во почетокот од годината, токму кога температурите паднале зашто нејзината внука не набавила масло за греење.
Недолго потоа, на нејзината врата тропнале полицајци кои дошле да ѝ соопштат дека парите од нејзината сметка се истрошени.
„Не сум сигурна како дознале, бидејќи ниту јас не знаев за тоа. Јас сум запрепастена, шокирана. Тоа е неверојатна работа, но се обидувам да не мислам на тоа. Ова е единствениот начин да се носам со целата ситуација“ – изјави Рут.
Бабата има многу малку пари, а заштедените пари со години ги собирала додека нејзиниот маж напорно работел.
„Ја сакав Кејти, секогаш беше полна со живот и сакаше да зборува. Бевме добри пријателки. Секогаш кога бев потиштена, таа би ме развеселила. Затоа, ова што се случи е вистински шок за мене. Таа дури и во некои ситуации има пишувано наместо мене, бидејќи моите раце веќе не работат добро. Извесно време таа има пишувано чекови наместо мене и веројатно сѐ почнало оттогаш.“
Несреќната старица мисли дека сѐ би било добро ако нејзиниот сѐ уште беше жив.
„Тој секогаш се грижеше за парите. Јас дури во 70-тата година научив да пишувам чекови. Не сакав Кејти да оди во затвор, посебно поради нејзините деца.“Рут Госли (89), останала без греење, а нејзината внука потрошила 10.000 фунти за одмор во бања и 21.000 фунти за да си купи нов автомобил. Домот на

Пронајдете не на следниве мрежи: