УЛИЦА НА ЉУБОВТА Ако ја бакнете саканата особа баш овде, ве чека убава иднина!

На оваа магична и романтична улица, стотици вљубени парови се бакнуваат дневно, во чест на трагичната љубов на Ана и Карлос.Гванахуато, мал град од Мексико, изгледа како да е изгубен во времето. Улиците од калдрма, скалите, старите куќи… Се ова ве носи во некое друго време. Љубовни парови од сегаде во светот, секојдневно се бакнуваат на оваа локација.
Трагичната љубовна приказна, по која се порославил овој град, говори за љубовта на Ана и Карлос. Таа била богата девојка и живеела ви близина на куќата на Карлос. Тој бил сиромашен рудар, и нивните балкони биле една од работите кои ги поврзувала, покрај големата заљубеност. Кога ги фатил таткото на Ана како се бакнуваат преку балкон, многу се налутил и и се заканил на младата девојка дека ќе ја убие ако повторно го стори тоа. Сепак, младите љубовници не можеле да оддолеат и повторно се бакнале. Таткото на Ана повторно ги видел, и во излив на гнев се качил на балконот и ја прободел сопствената ќерка во гради. Некои легенди кажуваат дека Карлос скокнал за да ја спаси Ана, но паднал и си го скршил вратот.
Денес стотици вљубени парови, доаѓаат на ова исто место, за да се бакнат во чест на Ана и Карлос. Се смета дека ако не го сторат тоа, ќе ги следи несреќа седум години.Гванахуато, мал град од Мексико, изгледа како да е изгубен во времето. Улиците од калдрма, скалите, старите куќи… Се ова ве носи во некое друго в

Пронајдете не на следниве мрежи: