Улица плус универзитет е еднакво на авторитет

Едно квалитетно универзитетско образование, кога добро ќе го искомбинираш и угледно хармонизираш со уличното образование, при што никој да не го примети тој примес на улицата, тогаш ти си спремен да освојуваш со својот авторитет и да се гордееш што конечно си успешенСекој еден од нас, свесно или потсвесно, се стреми да изгради што е можно поголем авторитет врз што е можно поголем број на луѓе. Тоа е онаа општествена потреба која секој ја поседува, на некој му е поизразена, на некој помалку изразена, но во суштина сите ја имаме. Впрочем оваа потреба потекнува од природниот нагон  за преживување, кој секако дека не можеме така да го окарактеризираме, бидејќи ние не се сместуваме во класата на животни, туку ние сме цивилизирани. Е баш тој примарен нагон за преживување, во цивилизирана верзија, во рамките на општеството се нарекува авторитет, бидејќи ние не се бориме со сила, како вонцивилизациски суштества, туку се бориме со ум, а тоа е тој авторитетот. Авторитетот сам по себе си носи и подобар општествен углед, а подобриот општествен углед , некако како да не асоцира на поквалитетен живот.
Многу од вас ќе речат дека ич не ги заболеле за нивниот авторитет пред  другите, или нивниот углед пред другите, демек тие си гледаат само за себе. Точно, всушност сите ние си гледаме само за себе, но бидејќи ресурсите се ограничени, ние мораме да се потрудиме на полесен и побезболен начин да си присвоиме што е можно поголем број на ресурси. И ако се вратам сега на тие што викаат дека ги боли, ќе треба да повторам дека секој еден, свесно или потсвесно, сака да наметне свој авторитет врз што е можно поголем број на луѓе. Доколку некој е упорен и повторува дека не се замара со никакви авторитети, ќе констатираме дека тој што го вели токму ова се служи со некаков одбрамбен механизам, како што милуваат да кажат психолозите. Во овој случај станува збор за особи кои на овој начин прикриваат некаква слабост. Ние сите прикриваме некаква слабост, во помала или поголема мера, на сите ни се случило за некој или нешто да кажеме дека не не интересира, а нас смртно не интересирало.
Да не го одолговлекувам филозофскиот дел, во третиов пасус ќе преминам на практичното, на реалното, на она опипливото околу нас. Овој авторитет кој е еден од главните предизвици на модерното општество, сите ние бараме начин да го стекнеме на некаков начин. Низ историјата, сведоци сме дека тој авторитет се стекнувал на многу по нецивилизирани начини, а сега веќе, колку толку авторитет се стекнува на цивилизиран, урбан начин. Секој си го бара својот пат кон наметнувањето на авторитетот. Еве само еден пример. Оние девијантни и деликвентни појави кои често ги среќаваме околу нас, не се ништо друг освен еден начин на наметнување авторитет, или обид за наметнување на авторитет, кој го избрале чинителите на ваквите дејствија. Овие дејствија се само еден од многуте општествени начини на наметнување на авторитет. Деликвентите сметаат дека тоа е најидеалниот начин. Овој начин секако дека е најнеопштествен и нормално, најнепожелен. Како најпожелен и најпрепорачуван начин да се стигне до авторитет во модерното општество е образованието. Како длабоко во нашите мозоци да се има некаде врежано муабетот дека образованието ни е клуч до успехот, а штом голем број на луѓе  не сметаат за успешни, значи ние сме успеале врз нив да се наметнеме со својот авторитет.  Но, дали реално е клучно образованието?

Најпрво, образованието е најскап и не баш толку лесен начин и доколку преку образованието кое за многу од нас е единствен начин да се стекнеме со некаков авторитет,ние не успееме да го стекнеме, тогаш се  јавува големото разочарување. Впрочем, големите можеби не, но малите разочарувања се насекаде околу нас, на пример:
Ти си некој магистер или доктор на науки и конечно најдуваш слободно време за да излезеш со најблиските, па бидејќи си доволно млад, решаваш да отидеш во ноќен клуб. Ти, заедно со твоите најблиски, кои исто така се доста интелектуални појави, се појавувате пред влезот на ноќниот клуб, но имате проблем да влезете. Некој од „мажиштата“ кои се поставени пред вратата и ја демонстрираат функцијата „секјурити“ решава да не ве пушти во клубот. Можеби не ве пушта бидејќи „ужива“ комплекс на ниска вредност кога се најдува покрај интелектуалци, па ова му е единствената шанса да си го излечи тој комплекс, а вие случајно сте „жртвата“. Може да ви се погоди и некој млад и да сака да се направи мангуп пред некои женски особи, па кога ќе ве види вас, така отмено друштво, нема да ве пушти да влезете, ќе ви се насмевне иронично и онака со манир на неписмењак  ќе во го покаже излезот. Или пак, ако си девојче и на времето си му „мавнала корпа“, оти уште од тогаш бил сељак, сега типот гледа можност за одмазда и ти возвраќа со недолично однесување и ти мораш да бараш друго место за провод. Ти нема ништо да преречеш, бидејќи не ти доликува на твоето образование.  И кој ужива авторитет во ситуацијава? Пообразованиот?
 Или:
Некој дечко на твоја возраст за кој знаеш дека е мисловно неспособен, но исто така знаеш дека неговиот татко, тетин, вујко има разработено фирмиче и ти после извесен сплет на околности се најдуваш кај него во фирма. Тој полека го наследува бизнисот од неговиот роднина, но само формално, бидејќи него му помагаат сите роднини до второ колено за да не ја утне работата и фактички тие ја водат фирмата. Тој твој врсник, кој по наследените пари и наследената фирма, изигрува маскота во фирмата, ја има силата во раката и „ти трие сол на глава“ дека не те бива. Ти печалиш со твоето образование, ама знаеш дека авторитет си само дома, бидејќи само дома ти кажале „браво“ за тоа што си магистер и не се каат за парите што ги вложиле во тебе, бидејќи знаат дека те бидува. Ти сам во себе се измачуваш и добро знаеш дека врз твоето образование не си изградил никаков авторитет, напротив, како и во предходниот случај повторно си осуден на деградација.
Или:
Ти си студент на некој факултет и не си успеал да го завршиш факултетот во рекордно време, па бидејќи ти останале уште два испити мораш, а и искрено сакаш да седиш во Скопје, оти само тука е перспективата, а во твоето мало место знаеш дека шансите ти се помали. Поради тој сплет на околности и поради тие два испити, немаш основа да бараш работа на својата професија, па бидејќи 4 години си живеел на грбот на твоите родители, решаваш да работиш како келнер во Скопје и сам да се издржуваш. Си работиш и паралелно си учиш, два испити не се ништо, а темата за дипломска веќе ти е смислена. И така еден топол сончев ден додека си на работа и си среќен бидејќи ти останал уште еден испит од студиите, ти седнуваат на маса двајца „копуци“ со еден тон пари. Одиш да ги послужиш и по речникот ги осеќаш дека основно со врски го завршиле, оти татко му е буџован. Ама тие момчиња кои со речникот и со психичкиот развој застанале во 4 одделение почнуваат да ти најдуваат маани зошто во нескафето нема еден прст помалку пена. Или пак те прашува на што ја топлите водата за чајот, а ако се работи за девојка може да те праша и да ти каже многу други работи. Со таквиот нискобуџетен однос кон тебе, таа копучана може да те доведе до работ на самодовербата. Од ден во ден, ти сфаќаш дека толку си учел само за дома „бравос “ да ти речат.

Од секојдневието има мал милион примери каде што образованието не игра никаква улога во твојот живот. Има мал милион примери каде што сфаќаш дека на место да учиш, ако си се занимавал со „матни“ работи сега ќе си бил високоавторитетна личност, оти ќе си имал пари. Полека почнуваш да сфаќаш дека парите го создаваат авторитетот. Ама има и ситуации, како онаа со обезбедувањето, каде што не се пари во прашање. И сега?
И сега дојдовме до заклучок дека се зависи од ситуацијата. Во одредена околина ти можеби ќе бидеш уживател на завиден авторитет, но во друга ситуација ќе бидеш неавторитетна, па и понижен. Сето ова независно од  образованието, бидејќи ставот дека образованието само по себе носи авторитетот, како да не е доволно точен. Во овој капиталистички период, образованието е релевантен, но не и клучен фактор за да се стигне до моделот на високоавторитетна личност. Сметам дека единствени институции во кои доследно авторитетот произлегува од  степенот на образование се само и само образовните институции.
Образованието не е причина сама по себе за да ти создаде авторитет. Во капиталистичкава филозофија образованието како да е нешто што го правиш сам за себе, за да си самопомогнеш до одредена мера и да си направиш добар пат кој во никој случај не ти е гаранција. Многу важно, покрај образованието, треба да имаш и друг вид на образование, улично образование. Треба да сфатиш како функционира улицата и кога „класичното“ образование, ќе го искомбинираш со уличното образование, ти ќе бидеш добитен и авторитетот кој го бараш ќе ти се простира врз задоволителен број на луѓе. Само со „класично“ образование можеш да уживаш авторитет врз мал број на луѓе. Само со улично образование, исто така можеш да уживаш авторитет врз мал број на луѓе, или пак да не успееш воопшто да се наметнеш со авторитет. Но едно квалитетно универзитетско образование, кога добро ќе го искомбинираш и угледно хармонизираш со уличното образование, при што никој да не го примети тој примес на улицата, тогаш ти си спремен да освојуваш со својот авторитет и да се гордееш што конечно си успешен. Ако ја пренагласиш улицата во твојот однос, тогаш веднаш се ќе ти се сруши. Внимавајте, разликата помеѓу премногу успешен и „хоштаплер“ премногу е тесна!
Г. АнгелескиСекој еден од нас, свесно или потсвесно, се стреми да изгради што е можно поголем авторитет врз што е можно поголем број на луѓе. Тоа е онаа општес

Пронајдете не на следниве мрежи: