Улрих Шиле: Изненадени сме од дрскоста на Путин!

Водечкиот експерт на НАТО, Улрих Шиле, потврди дека кризата во Украина ја изненадила воената алијанса.„Изненаден сум до каде би можел Путин да оди“, кажа Улрих Шиле на дебатата во Виена. Притоа тој даде до знаење дека не му годи дрскоста на Путин.
Тој во своето излагање нагласи дека односот помеѓу Русија и НАТО, јасно ја изненадил алијансата.
Поранешниот шеф на политичкиот сектор во Министерството за одбрана на Германија, јасно кажа дека Русија во изминатите години изгубила на значење и дека пробува да го врати значењето со примена на методи кои потекнуваат од старото геостратешко размислување.
Истовремено, тој ги критикуваше земјите – членки на ЕУ, бидејќи се` уште не „влечат од истата страна на јажето“.
Тој исто така укажа дека мерките за штедење за време на финансиската криза го зајакнале националниот егоизам, наместо да поттикнат поголема соработка.„Изненаден сум до каде би можел Путин да оди“, кажа Улрих Шиле на дебатата во Виена. Притоа тој даде до знаење дека не му годи дрскоста

Пронајдете не на следниве мрежи: