Умираат луѓе во источна Азија поради пеколните температури

Рекордни високи температури ја зафатија источна Азија, каде што голем број луѓе го загубија животот. Земијте во кои починаа повеќе од 17 луѓе поради пеколните температури се Јапонија, Јужна Кореја, Кина и Тајван. 
Во Јапонија властите соопштија за 17 смртни случаи, поврзани со горештините. За прв пат во последните шест години, на одделни места температурите надминаа 40 степени Целзиусови.
Приближно 10.000 Јапонци минатата недела беа префрлени во болница со возила на итната медицинска помош заради проблеми со срцето.
Во Кина властите веќе 20 дена по ред упатуваат предупредувања за силни жеги во источните провинции од земјата, вклучувајќи ги и централните Хубеј и Хунан, каде температурите надминаа 42 степени.
Во провинцијата Гвејчоу жегата и долготрајната суша оставија над 2,5 милиони лица без вода за пиење.
Минатата недела во Шангај заради горештините од инфаркт починаа најмалку 10 лица, додека пак во тајван од 39.3 степени температурите се намалија на само 38 степени. 
Во Јужна Кореја властите упатија предупредување за очекувани горештини за повеќе делови од земјата, а температурниот врв се очекува да биде 35 степени.
Владата вчера ги повика луѓето да се воздржат од употреба на климатизери за да се избегне ризикот од рестрикции на струјата, бидејќи неколку електроцентрали се во плански ремонт.Земијте во кои починаа повеќе од 17 луѓе поради пеколните температури се Јапонија, Јужна Кореја, Кина и Тајван. 
Во Јапонија властите

Пронајдете не на следниве мрежи: