УМС Центар: Жерновски им должи одговори на граѓаните!

По откажувањето на настапот на познатиот американски диџеј и продуцент Стив Аоки кој беше помпезно најавуван од градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска УМС на ВМРО-ДПМНЕ јавно го прашаа Жерновски колку чинеше неговата фотосесија со светски познатиот диџеј и јавно да каже која е причината поради која не настапи Стив Аоки.-Никаде во светот не постои градоначалник кој ќе плати десетици илјади евра, пари од граѓаните за една фотографија со познат диџеј која ќе си ја постира на својот Фејсбук профил. Колку и да беше луксузна вечерта на Жерновски и Аоки во ресторанот Воденица, да се платат десетици илјади евра само за сликање со диџеј е врв на расипништвото. Токму тоа е единственото нешто што остана од помпезно најавуваното и скапо платено гостување на Стив Аоки во Скопје, истакна Борис Камчев, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Центар.
Тој посочи дека Општина Центар е синоним за скандали и пропаднати проекти, а градоначалникот Жерновски уште еднаш е фатен жив како манипулира и ги лаже граѓаните на општина Центар.
-Во текот на вчерашниот ден дел од медиумите покажаа дека Жерновски излажал за откажувањето на настанот на диџејот Стив Аоки. Причина за одложување на настанот бил пред се лошото озвучување, а не лошите временски услови како што изјави тој. Видовме дека Жерновски на 19 мај оваа година распишал тендер за јавниот настап за црвено-белата ноќ. Тендерската процедура била обжалена и поништена од Државната комисија за жалби по јавни набавки. Исто така видовме дека Жерновски на 2 јуни оваа година на само еден ден пред настапот побарал и одобрение од Советот за јавни набавки да договори озвучување и цена во постапка за преговарање без објавен јавен оглас од висина од 900.000 денари без ДДВ или 1.062.000 со ДДВ. И ова барање било одбиено што значи дека градоначалникот бил принуден да договори било какво озвучување и да си го спаси настанот. Озвучување кое нормално би ги исполнило стандардите на диџеј од рангот на Стив Аоки кој бил принуден да го откаже настапот, истакна Камчев.
Тој уште еднаш го повика Жерновски дека граѓаните чекаат одговор за причината поради која не настапи Стив Аоки.
-Вашите изговори дека дождот е причината, а потоа кога прекина дождот дека не сакате да им го нарушите мирот на граѓаните се само една бледа манипулација на која малите деца не ви веруваат. Граѓаните очекуваат одговор од вас  бидејќи најавивте дека ќе биде одреден нов датум за Стив Аоки, да ни кажете кога ќе биде тој датум и дали повторно ќе бидат потрошени пари од граѓаните. Единствената забава која ја приредивте е забавата на која бевте вие и Стив Аоки во ресторанот Воденица, рече Камчев.-Никаде во светот не постои градоначалник кој ќе плати десетици илјади евра, пари од граѓаните за една фотографија со познат диџеј која ќе си ја по

Пронајдете не на следниве мрежи: