Студентите кои што живеат во студентски домови, како што беше ветено од страна на Владата, добија перални и сушални.Мерката е поздравена од сите студенти, бидејќи како што велат, вака им се олеснува животот и не мора да ги праќаат алиштата дома за викенди.
-Како студент можам да кажам дека многу ни е потешко да ги праќаме алиштата дома и да си одиме и ние со нив па да ги чекаме. Сепак тука имаме за учење и мислам дека со оваа мерка ќе ни биде полесно да го одвиваме студентскиот живот, вели Јана, студент кој живее во студентскиот дом Пелагонија.
Инаку оваа мерка беше предлог на УМС на ВМРО-ДПМНЕ која што се реализира. Тие велат дека ќе продолжат да црпат идеи од младите, се со цел да им се олесни животот.Мерката е поздравена од сите студенти, бидејќи како што велат, вака им се олеснува животот и не мора да ги праќаат алиштата дома за викенди.