Затворена тениска арена која ќе се гради во склоп на Спортска сала Борис Трајковски е еден од низата проекти за млади, но и за сите граѓани, која денеска беше промовирана од страна на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Со симболично делење на тениски топчиња УМС ги информираше граѓаните за завторената тениска арена, која ќе биде прва од ваков карактер во Македонија.
Ова, како што подвлекоа од УМС е и особено значаен проект за сите професионални тенисери.
– Новата затворена тениска арена предвидено е да се гради на површина од 3850 метри квадратни, односно да биде 70 м долга а 55 м широка. Во истата е предвидено да има три тениски терени од кои што едниот ќе биде мултифункционален и во секој момент ќе може да се подели на три помали терени за падел тенис. За прв пат во оваа затворена тениска арена ќе има можност и да се организираат турнири во текот на сите периоди од годината бидејќи е проектирана и трибина со околу 500 седишта, објаснува потпретседателот на УМС Орце Ѓорѓиевски.
Просторот под трибините ќе биде искористен како административен дел и дел за кафе бар. Проектот почнува со имплементација во 2017 година, а заедно со салата за боречки вештини и салата за гимнастика ќе чини околу 2 милиони евра.
-Тениските терени од оваа сала ќе бидат сертифицирани од светската тениска федерација и ќе бидат според сите светски и европски стандарди. Со изградбата на оваа и со веќе постпечките 4 тениски терени на отворено иден монтажен во СЦ Борис Трајковски ќе се отвори можност да се организираат секаков вид на светски и европски турнири и првенства, вели Ѓорѓиевски.
Со изградбата на затворената тениска арена оние кои што професионално се занимаваат или сакаат да се занимаваат со тенис, за прв пат ќе добијат простор каде непречено ќе може да ги остваруваат своите тренинзи.Со симболично делење на тениски топчиња УМС ги информираше граѓаните за зав