Вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии на државните универзитети, реновирање на библиотеката „ Браќа Миладиновци“ и возобновување на амфитеатарот во Скупи со 9000 седишта се трите мерки за млади од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ со кои денеска се запознаа младите од општина Карпош. УМС на ВМРО-ДПМНЕ во директен контакт со младите, делејќи им флаери ги запознаваа со проектите наменети за нив и со придобивките кои ќе ги имаат.Лука Кржаловски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека првата мерка кој што беше денеска промовирана пред младите гарантира вработување веднаш по завршувањето на додипломските студии за 100-те најдобри студенти на државните универзитети.
-Автоматски со законско решение истите ќе бидат директно вработени. Со ова би добиле сигурна егзистенција како и поттик за инвестирање во своето образование. Селектирањето на најдобрите студенти ќе биде според соодветна методологија за нивно правилно рангирање. Овој проект ќе започне од август во 2017 година. Селекцијата ќе биде еднаш годишно, а истиот ќе биде реализиран од Министерството за финансии, МОН, МИОА. Оваа мега мерка ќе биде сериозен стимул за најдобрите студенти кои се посветиле за образованието, рече Кржаловски.
Втората мерка која денеска им беше презентирана на младите во општина Карпош е „Реновирање на библиотеката „Браќа Миладиновци“. Оваа мерка предвидува ставање во употреба на вториот кат од библиотеката кој долг период е нефункционален со што ќе се зголеми капацитетот за над 200 места.
-На вториот кат ќе бидат ставени во функција кабини за индивидулно и групно учење, а на располагање ќе биде и просторијата со 10 компјутери. Дополнително ќе се реконструираат и дел од просториите на првиот кат за подобри услови за учење. За оваа намена градот Скопје инвестира 300.000 евра и започнува со реализација од јануари 2017 година, рече Кржаловски.
Третата мерка за млади која денеска беше презентирана предвидува целосна реконструкција на амфитеатарот во Скупи.
-Амфитеатарот во Скупи е еден од најзначајните од Римскиот период во Македонија и еден од најголемите на Балканот и пошироко. Истиот бил изграден во првата половина на 2 век п.н.е. Амфитеатарот ќе може да прими од 8000 до 10000 гледачи. Целта на проектот е целосна реконструкција врз основа на сочуваните архитектонски елементи со што би се овозможила ревитализација на објектот и негова презентација пред пошироката културна јавност, истакна Кржаловски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години покажа сериозен ангажман и грижа за сите категории на млади.
-Ние сме партија која е најголем партнер на младите и тоа го има покажано на дело преку политиките кои ги води. Намалување на партиципацијата за факултети, нови универзитети, бесплатни книги, компјутер за секое дете, бесплатен превоз се само се само дел од проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува за младите. Ние нема да застанеме ќе продолжиме и во иднина со вакви заложби да работиме, потенцираше Кржаловски.
Лука Кржаловски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека првата мерка кој што беше денеска промовирана пред младите гарантира вработу