четврток, 12 ноември 2026
Најново

УМС на ВМРО-ДПМНЕ презентираше проекти пред младите од Карпош

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На вчерашната трибина која се одржа во Драмскиот театар во општина Карпош, свое обраќање имаше и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.Тој пред жителите на општина Карпош истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во неполни 2 месеца промовираше неколку проекти од кои што младите веќе имаа бенефит.
Едниот од тие проекти е слободен превоз, проект најавен на почетокот на декември кој почна да се реализира од 1.1.2016 години, и според нашите информации само од ЈСП Скопје, за само 20 дена е искористен од страна на 8554 студенти, кои извадиле студенстки картички. Оваа бројка покажува дека заинтересираноста е огромна и е од голем бенефит за студентите, посочи Нелоски
Еден од проектите кој ги посочи Нелоски е и средношколска среда преку која средношколците на 27.01.2016 година во Драмскиот театар ќе можат бесплатно да ја погледнат преставата „Последните Македонци“. Воедно и студентите ќе можат идниот четврток да ја гледаат предпремиерата на претставата „ЈОВ“ што е исто така дел од проектите кои претходно беа најавени за младите.
Во своето излагање претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ исто така ги презентираше и новите 5 проекти кои, пред неколку дена беа промовирани од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се слободен железнички сообраќај, 50 перални и сушални во студентските домови, фитнес зони, обуки за странски јазици и ИТ и читални во 3 општини во Македонија.
Бидејќи на територијата на општина Карпош има 2 универзитети и повеќе факултети, Нелоски изрази надеж дека и општина Карпош ќе добие современа читална, како што се најавија во 3-те општини, Аеродром, Струмица и Велес.Тој пред жителите на општина Карпош истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во неполни 2 месеца промовираше неколку проекти од кои што младите веќе имаа бенефит.

Поврзани вести