УМС на ВМРО-ДПМНЕ: „Вработување за 100 најдобри студенти“ е значаен проект за младите

ВМРО-ДПМНЕ постојано во консултација со младите лица додека ја создава партиската програма. Така беше и пред неколку месеци кога започна промоција на околу 40 проекти во кампањата „Македонија за младите“.УМС на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција ја потенцира важноста од ваквите проекти истакнувајќи дека „Успешна нација е само образована нација“.
Потпретседателот на УМС, Димче Арсовски, истакна дека дел од најзначајните проекти од таа кампања се „Купи куќа за млади“, бесплатниот превоз за сите студенти, како и многу други. Голем интерес кај младите побуди и ветувањето на Груевски за вработување на најдобрите студенти.
-Нема поголемо задоволство од тоа секој студент по неговото дипломирање да се вработи и да почне да ја гради својата професионална кариера. Тоа е најголемото задоволство и тргнувајќи од таа појдовна точка ние ја објавивме и промовиравме мерката „Вработување за 100 најдобри студенти“. Во однос на критериумите ќе биде создадена методологија каде 70 проценти од уделот во рангирањето ќе заземат успехот со кој има дипломирано студентот, втор критериум ќе бидат сертификатите од тестерите на ЕУ за три најчесто говорени странски јазици и трет критериум ќе биде временскиот рок на образовниот процес, рече Арсовски.
Од 2017-та година, секоја година ќе бидат бирани по 100 најдобри студенти кои ќе добијат директно вработување.УМС на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција ја потенцира важноста од ваквите проекти истакнувајќи дека „Успешна нација е само образована

Пронајдете не на следниве мрежи: