среда, 25 ноември 2026
Најново

УМС во Кочани ги промовираше мерките од проектот „Македонија за младите“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вчера во Мулти културниот центар во Кочани продолжија трибините организирани од УМС на ВМРО-ДПМНЕ за промоција на мерките од проектот: Македонија за младите.Пред големиот број млади од Кочани, Виница, Чешиново- Облешево и Зрновци свое обраќање имаше Тимчо Муцунски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер во министерството за информатичко опшество и администрација.
Муцунски пред присутните поопширно го објасни проектот за вработување на 100-те најдобри студенти, како предлагач на овој проект. Исто така се осврна и на мерката за патување на 100- те најдобри студенти во европските дестинации, како и за мерката која веќе се спроведува, обука за странски и ИТ вешти за невработени лица до 29 години.

Покрај Муцински на трибината говорници беа и Владо Бошњаковски и Владимир Атанасов, членови на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие ги образложија и објаснија проектите кои изминативе 9 месеца ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а се однесуваа од областа на студентскиот стандард, спортот и културата.
Ваквиот тип на трибини организирани од УМС на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и понатаму во повеќето општини низ Македонија.Пред големиот број млади од Кочани, Виница, Чешиново- Облешево и Зрновци свое обраќање имаше Тимчо Муцунски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и заме

Поврзани вести