Унапредување на работата и функционирањето на шалтерите во јавните здравствени установи со цел да нема турканици и пациентите да не чекаат долго време за потребната услуга, опфаќаат мерките кои ги спроведува Министерството за здравство.Дел од мерките веќе се имплементираат во здравствените установи, а во претстојниот период ќе бидат воведени во сите останати установи.
На презентацијата на мерките денеска министерот за здравство Никола Тодоров информираше дека првата мерка е воведување ПОС-терминали за плаќање, ПОС терминали за наплата на партиципацијата за извршената услуга со платежна картичка од која било банка во Република Македонија, со што граѓаните ќе имаат можност покрај во готово, да плаќаат и со картичка.
Посочи дека и натаму останува можноста за плаќање во готово, а плаќањето со картичка се воведува само како дополнителна опција и очекуваат тоа да биде значајно олеснување при регулирање на административниот дел во здравствените установи. Од една страна, јавните здравствени установи, нагласи министерот, овозможуваат избегнување на можните проблеми со немање ситни пари на шалтерите бидејќи сега постои втор начин за вршење наплата.
– ПОС-терминали се веќе поставени во повеќе установи низ државата (во најголем дел во универзитетските клиники, односно во 20 клиники), како своевиден пилот-проект, така што по покажаните позитивни искуства, одлучивме да го спроведеме како мерка во сите ЈЗУ. Веќе е во тек поставувањето на вакви терминали, со што ќе овозможиме поефикасна и пoбрза наплата на услугите. Исто така, паралелно работиме и на унапредување на условите и комфорот на пациентите во чекалните во јавните здравствени установи, рече Тодоров.
Потенцира дека друга значајна мерка е можноста за поплака од пациентите во случај на непочитување на закажаните термини од страна на докторите. Министерството за здравство, рече Тодоров, ги задолжи ЈЗУ да отпечатат вакви обрасци (известувања) и тие да ги постават во влезниот дел на здравствената установа, на лесно видливо и пристапно место.
– Установите се задолжени повратно да нè информираат за статусот на пристигнати поплаки на секои 10 дена. Обрасците веќе се поставени на секој шалтер и огласна табла во ЈЗУ. Пациентите имаат законска можност да упатат поплака до директорот на установата доколку докторот кој требало да го изврши прегледот/снимањето не го почитувал закажаното време за преглед и тоа можат да го направат во рок од 24 часа од закажаниот термин, истакна Тодоров.
Потсети дека согласно Законот за здравствена заштита, здравствениот работник кој дава специјалистичко-консултативни услуги е должен да го почитува терминот закажан преку електронската листа на закажани прегледи и интервенции и има право да го одложи почетокот на закажаниот преглед, односно интервенција најмногу за 15 минути од терминот закажан преку електронската листа на закажани прегледи и интервенции. Има право да го одложи и за повеќе од 15 минути доколку за тоа постојат објективни и оправдани причини.
Исто така, нагласи министерот, сите ЈЗУ веќе означија жолта линија пред шалтерите, со цел да се овозможи подобро регулирање на редот, заштита на личниот простор и приватноста на пациентите, а воедно да се овозможи непречена работа на шалтерските работници за побрзо процесуирање на услугите.
Посочи дека Проектната единица во рамки на Управата за електронско здравство направила детален скрининг на начинот на функционирање на сите шалтери во сите здравствени установи.
– Согласно анализата, до сите здравствени установи подготвуваме или веќе сме испратиле укажувања за намалување на непотребните шетања на пациентите на повеќе шалтери и дадовме насока административните процедури да се концентрираат на еден шалтер, а истовремено да се отворат повеќе шалтерски места, со што треба да се постигне секој пациент целокупната административна процедура да ја заврши на едно место, а притоа заради отворање повеќе шалтерски места тоа да може да го стори за пократко време, рече Тодоров.
Појасни дека од непосредните контакти што ги имале со пациентите и од нивните забелешки констатирале дека во поголемиот број здравствени установи има ситуација во која пациентот навремено и без сериозно чекање ја добива здравствената услуга, односно прегледот, а потоа повеќе време губи додека ги заврши сите административни работи на шалтерите во болниците.
– Министерството за здравство ги задолжи сите ЈЗУ да ја отпишат/расходат старата медицинска опрема која е вон функција и која не може да се стави во функција, а досега несоодветно се чувала во јавните здравствени установи по ходници или на видни места. За таа цел, испративме укажување до сите ЈЗУ, во рок од 45 дена да ја завршат постапката за расходување на стара опрема. На овој начин ќе се ослободи дополнителен простор за поставување нови апарати кои постојано ги набавуваме. Со поставувањето нов апарат, времето на чекање за здравствената услуга драстично се намалува, рече Тодоров.
Нагласи дека со воведувањето електронски медицински дневник преку системот МојТермин (и со исфрлањето од употреба на пишаниот медицински дневник) значително се намалило времето кое претходно пациентот го поминувал во здравствената установа при пишувањето на административниот дел, а бенефитот за здравствениот работник е што медицинскиот дневник се пополнува по автоматизам по затворањето на прегледот.
Додаде дека ова ќе биде еден од позначајните фокуси на Министерството за здравство во наредните 12 месеци и очекуваат дека со целосното имплементирање на овие и други мерки во јавните здравствени установи ќе постигнат позитивни резултати и бенефит за пациентите.Дел од мерките веќе се имплементираат во здравствените установи, а во претстојниот период ќе бидат воведени во сите останати установи.
На п