Новата анкета спроведена меѓу Унгарците покажува силна одбивност кон левото крило на милијардерот Џорџ Сорос како што неодамна тие силно ги отфрлија методите на активистите финансисрани од неговите фондови.
Џорџ Сорос иако е роден во Унгарија е многу непопуларен во својата земја. Анкетата спроведена од страна на Фондацијата „Сазадвег“покажува дека 61 отсто од Унгарците имаат неповолно мислење за него.
Непопуларноста на Сорос се зголемува уште повеќе кај десноориентираните испитаниците се идентификуваат како. Меѓу оние кои ја поддржуваат владејачката коалиција на партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан и националистичката партија Јобик, 80 отсто од испитаниците имаат неповолно мислење за Сорос.
Сепак, Сорос има поддржувачи и во Унгарија, а според анкетата, само 14 отсто од испитаниците се согласуваат со него и со политиките на неговите фондации и НВО, како што е и Фондацијата Отворено општество. Очекувано, најголем процент од нив се поддржувачи на Демократската коалиција и либералната партија Заедно, кои го бојкотираа референдумот за мигрантската политика лани во октомври.
Неделава Силард Немет, пратеник на владејачката партија Фидес, рече дека ќе се заложи да ги реши организациите кои се поврзани и финансирани од Сорос, кои работат нетранспарентно и „поттикнуваат ширење на политичката коректност и на глобалниот капитал за надминување националните влади“.
Исто така голем процент од испитаниците во анкетата ги отфрлаат т.н. методи „мека моќ“ што ги спроведуваат Сорос и неговите фондации. 88% се изјасниле дека ја отфрлаат идејата за странски актери се обидуваат да влијаат на демократскиот процес на својата земја преку употреба на активизам и невладини организации.
Унгарците ги загрижува прашањето за националниот суверенитет и масовната миграција. Сорос призна дека „националните граници се пречка“ за масовна миграција.
Фондацијата Отворено општество, исто така, ја промовираше масовна миграција и протечените документи покажуваат дека мигрантската криза за Сорос е добра можност да се соберат средства за неговите промигрантски планови.
Сорос исто така е активен во САД, во организација и спроведување на протести во пресрет на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Откако, наводно, изгубил милијарди долари поради изборните резултати, групи на Сорос организираат „Марш на жените против Трамп“ на 20 јануари, деното на инаугурацијата.Џорџ Сорос иако е роден во Унгарија е многу непопуларен во својата земја. Анкетата спроведена од страна на Фондацијата „Сазадвег&ld