Унгарија ги поддржува политичките аспирации на Македонија

Унгарија и Македонија имаат одлични односи, а на аспирациите на Македонија – на политичките и на економските, како и на научните гледаме со голема симпатија и силно ги поддржуваме, изјави денеска во Скопје Иштван Иѓарто, државен министер за културно-научна дипломатија при Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија.  
  Иако сме  на некој начин далеку едни од други што прави да не биде лесно одржувањето на  релациите меѓу двете земји, секогаш гледаме на аспирациите на Македонија – на политичките и на економските, како и на научните со голема симпатија и силно ги поддржуваме. Сметам дека генерално односите меѓу двете земји се одлични, рече Иѓарто кој присуствуваше на именувањето на Библиотеката при Универзитетот „Американ Колеџ“ по нивниот прв ректор, професорот Гашпар Биро од Унгарија.
Во однос на соработката во областа на културата и науката тој истакна дека активностите се одвиваат преку претставниците на унгарската амбасада во земјава. Изрази особено задоволство што има се повеќе почесни конзули кои на добороволна основа ја презентираат Унгарија во Македонија, што придонесува, вели, унгарската култура, јазик и воопшто односите, да допрат и во повеќе места надвор од главниот град во земјава. 
– Унгарската амбасада финансиски го поддржува одржувањето изложби, концерти и други активности чија цел е ширење на унгарската култура. Секако ние сме дел од многу проекти кои помагаат за презентација на македонската  култура во Унгарија, за запознавање со традициите и обичаите на македонскиот народ. Како и да е, неможеме да кажеме дека сме постигнале се, но постои инфраструктура која ќе овозможи натамошен развој на културната и научната соработка меѓу двете земји во годините пред нас, оценува унгарскиот дипломат. 
Тој при тоа се осврна на професор Биро, кој рече, токму низ неговиот пример ги демонстираше одличните односи помеѓу Унгарија и Македонија.
– Професорот Биро беше многу познат професор во Унгарија и еден од првите кој дојде во Скопје да предава на Универзитетот Американ колеџ. За жал тој почина пред две години но ние многу го цениме тоа што раководството на Универзитетот сака да го зачува наследството на професор Биро и неговиот придонес во развојот на овој универзитет кој се развива и станува се позначаен центар за едукација  и наука, рече Иѓарто.
Проф. Гашпар Биро (1958-2014), предавал меѓународно право и политика на Универзитетот „Етвош Лонранд“ во Будимпешта и бил специјален претставник на Обединетите нации за Судан. Сенатот на Американ колеџ Скопје во 2010 година му ја додели на Гашпар Биро титулата почесен професор за неговиот исклучителен придонес во развојот на Универзитетот и за неговите извонредни постигнувања во политичките науки, во унапредувањето на човековите права и во заштитата на малцинствата.
По отворањето на библиотеката, се одржа и предавање на тема „Еден век од правното признавање на исламот во Унгарија“ на д-р Балаш Дери, директор на Центарот за проучување на религијата при Универзитот „Етвош Лоранд“ во Будимпешта на кое присуствуваа и претставници од верските заедници во Македонија. Иако сме  на некој начин далеку едни од други што прави да не биде лесно одржувањето на  релациите меѓу двете земји, секогаш гледам

Пронајдете не на следниве мрежи: