Унгарија: Три години затвор за мигрантите кои илегално ќе ја преминат границата

Унгарската влада претстави нацрт-закон со кој се предвидуваат поостри казни за илегалното преминување на границата, според кој фатените бегалци би можеле да бидат осудени на три години затвор.Парламентот ќе расправа за нацрт-законот кој ќе опфати 13 мерки во борбата против приливот на бегалци во Унгарија.
Унгарија, исто така предвидува построги мерки за трговците со луѓе и воспоставување на „транзитна зона“ на границата за луѓето коишто бараат азил, за да имаат време да соберат документи и да поднесат барање.
Унгарските војници на 3-ти август почнаа со изградба на ограда на границата со Србија, која би требало да биде поставена до 31-ви август.
Повеќе од 100.000 бегалци пристигнаа оваа година во Унгарија преку Балканот, поголемиот дел од нив се од воените зони како што се Сирија, Авганистан и Ирак. Доколку нацрт-законот биде усвоен во парламентот, ќе може да стапи на сила на 15-ти септември.
Српско-унгарската граница во вторникот ја преминаа 2.533 мигранти и тоа е најголемиот број на луѓе кои за еден ден влегле во Унгарија од Србија од почетокот на годината, соопшти унгарската полиција.Парламентот ќе расправа за нацрт-законот кој ќе опфати 13 мерки во борбата против приливот на бегалци во Унгарија.
Унгарија, исто така пред

Пронајдете не на следниве мрежи: