Унгарскиот премиер Виктор Орбан доаѓа во Македонија, поточно во Охрид каде утре ќе присуствува неколку часа при што ќе оствари средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и преставници на партијата.Целта е јасна, поддршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Орбан е актуелен премиер на Република Унгарија која е земја членка на Европската унија и НАТО Алијансата.
Претходно, висока делегација составена од раководството на ФИДЕС, партијата на Орбан присуствуваше на митинг на ВМРО-ДПМНЕ и даде отворена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, како единствена алтернатива за развојот и напредокот на државата.
Дознаваме дека Орбан ќе допатува со специјален лет и ќе присуствува неколку часа во Македонија, со цел средба со Груевски. По средбата во Охрид, Орбан ќе отпатува во главниот естонски град Талин, каде на самит на ЕУ истиот ден ќе има вечера со европските лидери, меѓу кои и германската камцеларка Ангела Меркел.
Во Македонија вечерва допатува и поранешниот словенечки премиер и лидер на најголемата партија во Словенија (СДП) Јанез Јанша, кој утре заедно со Орбан во Охрид ќе оствари средба со Груевски, каде ќе му биде дадена поддршка во пресрет на изборите. Јанез Јанша е очекувано и идниот премиер на Република Словенија.Целта е јасна, поддршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Орбан е актуелен премиер на Република Унгарија која е земја членка на Европск