Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки апелира до Владата за зголемување на платите во здравството, пишува Макфакс.Според нив, предвиденото покачување од 5% не кореспондира со работните обврски, а ниту вложените средства во образование и подготовка.
Унијата на ЗМСТА се залага за поддршка и заштита на интересите на сестринството и би сакале да потенцираме дека токму оваа проблематика, односно ниските примања на здравствените работници со средно, више и високо образование се главна причина за одлевањето на стручниот медицински персонал од сите здравствени установи. Потсетуваме дека Унијата се формира со една единствена цел – сплотеност на медицинските сестри, стоматолошките сестри, медицинските техничари и акушерки од јавниот и приватниот сектор на ниво на целата република, вели м-р Горданка Бешлиовска, координатор на Унијата.
Тие потенцираат дека се отворени за соработка и поддршка за сите активности кои Владата ги има предвидено.Според нив, предвиденото покачување од 5% не кореспондира со работните обврски, а ниту вложените средства во образование и подготовка.