Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги промовираше новите мерки за млади кои вчера ги објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.Станува збор за 7 мерки, со кои предвидено е да се намали партиципацијата за 50 проценти за студенти од самохрани и еднородителски семејства, по што следат проекти за основање и отворање на национална математичка гимназија во Скопје, за стимулација за упис на техничките факултети, за изградба на нов современ конгресен центар во Охрид.
-Во Скопје ќе се формира Национална академија за математика, каде што на оваа академија покрај професорите по математика и сродите предмети, ќе предаваат вонредно, професори од факултетите за природните науки, појасни Коче Гаврилов член на ИК на УМС.
Поради дефицитот на кадар од техничките факултети предвидена е стимулација од академската година 2017-2018, за студенти кои доаѓаат од семејства кои имаат месечни примања помали од просечната месечна нето плата во Македонија.
-Студентите кои за прв пат ќе запишат студии на техничките факултети на државните универзитети да влезат во државна квота да плаќаат партиципација од само 200 евра, додаде Гаврилов.
Со проектите е предвидено и изградба на нов отворен базен во рамките СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, возобновување на објектот на некогашната учителска школа во Скопје.
-Со проектот „Отворен базен“ ќе се овозможи достапност до еден ултра модерен базен и тоа за сите млади во Скопје а воедно и за сите млади во Македонија кои ќе сакаат да дојдат во тој спортски центар. Инвестицијата е во вредност од околу 740.000 евра и изградбата ќе започне во 2018 година, појасни потпретседателот на УМС, Орце Ѓорѓиевски.
Пред младите беа најавени и 6 нови бини на плоштадите, Филип втори, Мајка Тереза, плоштадот на ВМРО-ДПМНЕ и други кои ќе служат за културно – забавни манифестации.Станува збор за 7 мерки, со кои предвидено е да се намали партиципацијата за 50 проценти за студенти од самохрани и еднородителски семејства, по шт