Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ сама да излезе на изборен мегдан со СДСМ, ќе го прегази аболицираниот криминалец Заев и неговата верна придружничка Радмила Шекеринска. Таква беше енергијата на денешната конвенција на Унијата на жени, која ја видоа сите во салата, но и оние кои го следеа преносот.Од таа енергија се исплаши криминалното дуо на СДСМ, бидејќи се освестуваат дека нивните лаги за режим и диктатура веќе не поминуваат кај граѓаните кои го гледаат нивното богатство и расипнички живот. Заради тоа бандитското здружение околу Заев лиферуваше дезинформации дека членките на Унија на жени после конвенцијата ќе се упателе кон штабот на СДСМ на Бихаќка. Толкав е стравот на Заев од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ веќе трет месец е дел од Владата. Во овие три месеци, единствено што направија во однос на подобрување на статусот на жените е незаконското унапредување на сопругот на Фросина Ременски кое како новогодишен подарок, Оливер Спасовски и го врачи на неговата сопартијка и колешка во владата. Жените беа и се дел од сите проекти на Владата. Жените се целосно рамноправни во ВМРО ДПМНЕ. Тие носат одлуки и целосно учествуваат во сите проекти и реформи. Бенефитите од овие мерки се подеднакви и за мажите и за жените. Огромен е бројот на жени вработени во новите инвестиции. Огромен е бројот на жени кои земаат поголеми плати, пензии, субвенции.
Затоа е стравот на СДСМ од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. Затоа СДСМ губеше и ќе изгуби 10-ти пат по ред. Затоа овој пораз ќе биде најголем досега на демократски избори во кои СДСМ го контролира и МВР и ДИК.
Нема бегање од волјата на народот. Остануваат уште 90 дена.Од таа енергија се исплаши криминалното дуо на СДСМ, бидејќи се освестуваат дека нивните лаги за режим и диктатура веќе не поминуваат кај