Традиционална тајландска масажа е последниот новитет од СПА центарот на Скопје Мериот хотел. Овој вид масажа во својата основа претставува исцелувачки метод што ги комбинира знаењата на кинеската акупресура, киропрактика, јапонски шиатсу и индиска јога. Заради комплексноста на зафатот, тајландската масажа ја практикуваат само добро обучени професионалци, а во СПА центарот на Скопје Мериот ја изведува специјалистот физиотерапевт, г-ѓа Сонгпорн У-Арун од Тајланд.„Методот на тајландската масажа ги следи деветте енергетски линии во телото и точките за акупресура. Овие точки се како енергетски јадра и со правилно масирање се намалува стресот, се опуштаат мускулите и се подобрува циркулацијата и работата на внатрешните органи. За што поголем ефект од масажата потребен е и соодветен амбиент, обликуван за идеална атмосфера, погодна за максимална релаксација што го овозможува СПА центарот на Скопје Мериот. Сето тоа придонесува за баланс и хармонија на енергијата на телото“, вели Сонгпорн У-Арун, физиотерапевт за ефектот од тајландската масажа.
СПА центарот на Скопје Мериот хотел третманите за тајландска масажа ги нуди на ценовна промоција која ќе трае од 15 декември 2016 до 15 јануари 2017 година. Намалувањата се однесуваат на еднократен основен третман со 30% попуст во промотивниот период, како и за секоја резервирана масажа, втората се добива со 50% попуст. Исто така, достапен е специјалниот празничен пакет, Mix & Match, составен од 5 вида масажи, на грб, пилинг на грб, мини масажа на лице, масажа на стапала и масажа на скалп. Овој пакет со сите 5 масажи е достапен за 4000 денари, 4 масажи за 3400 денари, избор од 3 за 2700 денари, 2 масажи за 1900 денари и само 1 масажа за 1000 денари.
За повеќе информации и резервирање термини на располагање стои тимот на Скопје Мериот СПА центарот на 02 510 2525.„Методот на тајландската масажа ги следи деветте енергетски линии во телото и точките за акупресура. Овие точки се како енергетски јадра и со