Низ лобито на хотелот, во ресторанот Дистрикт, во салите, на катовите, поставени се скулптури изработени од старо, отпадно железо. Скулптурите се авторско дело на уметникот Владо Костов, познат по својот израз и бројните начини на користење употреблив метален отпад.За своите невообичаени скулптури и уште поневообичаени материјали за изработка, Костов вели дека инспирација и мотивација наоѓа во верувањето за давање повторен живот на нештата преку повторна употреба или рециклирање на материјалите, не само во еколошка смисла, туку и естетски.
Во Скопје Мериот Хотел се наоѓаат вкупно тринаесет експонати изработени од старо железо од поставката на Владо Костов, како дел од изложбата “Улици”, која се одржа во текот на месец март годинава.
Денес тие се изложени во реномираниот хотел познат по дизајнерски и стилски уредениот ентериер и по користењето многу уникатни и ретки експонати. Преку откупувањето на делата на Владо Костов, Скопје Мериот хотел протежира и еден македонски уметник и неговите дела, а со изборот воедно ја поддржува и еко-уметничката свест, и воопшто свеста за барање алтернативна употреба на материјалите.
За своите невообичаени скулптури и уште поневообичаени материјали за изработка, Костов вели дека инспирација и мотивација наоѓа во верува