UNIQA Осигурување неодамна го воведе својот нов производ КАСКО ПЛУС,со кој е обезбедена зголемена контрола и безбедност при патувањето, како и можност за подобрување на профитабилноста на компаниите. Сите оние кој ќе вклучат тригодишен договор за Каско осигурување со траење од три години ќе добијат и голем број на бенефиции како бесплатен ГПС уред, бесплатна инсталација како и попуст на претплатата.ГПС локаторот може да се користи за лична употреба и при тоа овозможува увид и различни видови на известувања на вашето возило со што се зголемува неговата безбедност – полесно пронаоѓање на возилото при кражба и други поволности и извештаи. Додека компаниите кои ќе го вградат UNIQA ГПС системот ќе имаат опции за зголемена контрола врз возниот парк како и подобрување на продуктивноста и работната дисциплина, а исто така ќе се спречи и неавторизирано користење на возилата во рамките на компанијата. Сето ова ќе доведе до намалување на трошоците за гориво, сервис и осигурување на возниот парк на компанија која го поседува ГПС уредот, воедно зголемувајќи ја и нивната сигурност.
„Среќни сме што на пазарот воведуваме нов продукт кој се надеваме за кратко време ќе наиде на голем интерес кај нашите клиенти. Придобивките се навистина огромни, а искуствата од другите земји каде веќе се користи оваа ГПС услуга се на завидно ниво. Со негова помош лесно ќе се следи локацијата на возилото во живо, се креираат извештаи за местата на посети, времетраење на секое застанување, потрошувачка на гориво, известување за влегување и излегување од определена зона, известување за надминување на максималната брзина на делницата од патот, информации за нагло сопирање и забрзување и многу други придобивки кои следуваат со Каско осигурувањето на моторни возила. Сметаме дека со новиот продукт Каско Плус, UNIQA Осигурување, ќе понуди исклучителен производ кој ни овозможува многу добра основа за нашиот понатамошен развој“, изјави Босилка Димитрова, член на Управниот одбор на УНИКА а.д. Скопје и одговорна за развојот на нови осигурителни продукти.
UNIQA Insurance Group е една од водечките осигурителни групации на пазарите во Австрија, Централна и Источна Европа. 22.000 вработени и партнери опслужуваат 9 милиони коминтенти во 19 држави. Капиталот со кој управува компанијата изнесува 24,2 милијарди eвра. Поради тоа UNIQA Versicherungen AG е рангирана во највисокиот сегмент на Виенската берза на хартии од вредност – таканаречениот примарен пазар. Веќе со години агенцијата Standard & Poor’s ја оценува UNIQA со стабилен „А“ рејтинг.
UNIQA оперира во 16 земји во Централна и Источна Европа: Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Чешка Република, Украина и Унгарија. Осигурителните компании во Италија, Швајцарија и Лихтеншајн се исто така членови на UNIQA Групацијата. Aктуелните и потенцијалните клиенти можат да сметаат на највисок квалитет во осигурувањето, највисока безбедност и нови фондови што само големи и реномирани меѓународни компании како UNIQA можат да ги понудат.
Само како мал пример за иновативноста и уникатноста на понудата на осигурителниот пазар во Македонија, UNIQA е една од ретките осигурителни компании која нуди ГПС услуги како дел од осигурувањето на моторни возила, дополнителното здравствено осигурување, а од 2011 година преку новоформираната компанија UNIQA Life Македонија UNIQA влезе и на пазарот на животно осигурување во Македонија.ГПС локаторот може да се користи за лична употреба и при тоа овозможува увид и различни видови на известувања на вашето возило со што се зголемува