Поради амбалажата која не ги задоволува безбедносните стандарди на Европската Унија, француската царина уништила 14.000 играчки, крокодили на надувување.Играчките за базени или море испорачани се од Хонгконг и требало да бидат продадени во Франција.
Но, цариниците на парискиот меѓународен аеродром „Шарл де Гол“ откриле безбедносни неправилности на амбалажата, се наведува во соопштението на Управата на царината.
На некои пакувања пишувало дека крокодилите, тешки 45 килограми по надувувањето, се достапни за деца помали од три години, а оние од 80 килограми за деца од шест години.
Царината, која стравува за безбедноста на децата во летниот период, одлучила да ги уништи овие играчки, тврдејќи дека играчките на надувување можат да бидат опасни за децата.
Царината навела дека минатата година биле покренати повеќе од 7.000 судски постапки поради непочитување на прописите за безбедност на играчките. Цариниците во тој период прегледале повеќе од 3,6 милиони играчки.Играчките за базени или море испорачани се од Хонгконг и требало да бидат продадени во Франција.
Но, цариниците на парискиот меѓународен ае