„Аранжманот во Турција го платив 1.400 евра, а не дочека стадо кое пие вода од базенот, поради што детето ми доби зараза“„Платив 1.400 евра за аранжман со услуга улта ол-инклузив во Кемер, а кога стигнавме, доживеав да се капам со детето во базен додека стадо кози најнормално влегува во хотелскиот комплекс за да се напие вода од базенот! Тоа е страшно. Најмногу ми е жал поради детето, кое наместо одмор доби бактериска зараза поради водата во базенот.“
Вака го поминала одморот Белграѓанката М.М. која преку преку туристичката агенција „Травел Експерт“ уплатила десетдневен аранжман за себе и ќерката во „луксузниот“ хотел „Armas rizort“ во популарното летувалиште Кемер.
До плажа со автобус
Како што вели козите не биле единствениот проблем со кој се соочила таму.
„Службеничката во агенцијата ни рече дека хотелот се наоѓа на самата плажа што ми беше многу важно бидејќи одам со мало дете. Меѓутоа, таму сватив дека до плажата можеме да стигнеме исклучиво со автобуски превоз. Да не ги спомнувам корите од лубеница кои лебдеа по водата, и во базенот и во морето“, раскажува М.М.
„Платив 1.400 евра за аранжман со услуга улта ол-инклузив во Кемер, а кога стигнавме, доживеав да се капам со детето во базен додека стадо ко



