Упорно тврдат дека нема демократија и слобода, а не се симнати од медиумите, протестираат и уништуваат државен имот

Оние што непристрасно ги следат работите знаат дека секогаш во време на СДСМ имаме помалку демократија и слобода, ама тогаш тоа не е тема. Демократија и слобода е тема само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Телеграф.мк.-Зборуваат дека нема доволно демократија и слобода, а истовремено не се симнати од медиумите. Кога ние бевме опозиција, се сеќавам се боревме некој медиум да ни дојде на прес-конференција, а понекогаш не доаѓаше ниту еден. Или, пак, ќе дојдеа неколку, но ниту еден медиум во земјата немаше да ја објави прес-конференцијата. Протестираат непречено со недели, уништуваат и оштетуваат државен имот, сквернават споменици на најзначајните личности од историјата, бојадисуваат објекти, меѓу кои има и такви што не се дел од „Скопје 2014“, големата болка на СДСМ, нивното огледало на неработењето во времето кога имаа доверба од мнозинството граѓани и беа на власт, додава Груевски.
Тој потенцира и дека во земјава има огромен број медиуми и секој може сѐ да каже и да критикува без какви било последици по него.
-И тоа се случува секој ден, секој час, цела година, со години во целиот наш мандат. Но, како и да е, и покрај тоа што потполно е јасно дека демократија има, и тоа многу, ние ќе работиме да има уште повеќе демократија.-Зборуваат дека нема доволно демократија и слобода, а истовремено не се симнати од медиумите. Кога ние бевме опозиција, се сеќавам се боревме некој

Пронајдете не на следниве мрежи: