Ураганот Ирма предизвика голема штета и поплави на Карипските Острови, а францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колом денеска изјави дека на островот Свети Мартин уништена е зградата на француската Влада. Уништени се четирите најцврсти згради на островот Свети Мартин, што значи дека најверојатно настрадале и други послеби објекти, посочи Колом.
На островот во прекин е снабдувањето со електирчна енергија, додека на Свети Бартоломеј, каде живеат околу 9.000 луѓе, ураганот ги попречува комуникациите.
Во францускиот дел на Свети Мартин живеат околу 40.000 луѓе, колку и на холандската страна од островот.
Ураганот Ирма прерасна во петта категорија, а брзината на ветерот достигна брзина до 300 километри на час. Тоа е најсилен ураган во последните десет години што го погоди Свети Мартин.
Поради ураганот прогласена е вонредна состојба во Флорида, во Порторико и на Девствените Острови, додека властите на Бахами соопштија дека најверојатно ќе ги евакуираат жителите од шесте јужни острови. Уништени се четирите најцврсти згради на островот Свети Мартин, што значи дека најверојатно настрадале и други послеби објекти, посочи Колом.