Ураганот Марија го опустоши островот: Доминика е уништена

Ураганот Марија, кој достигна јачина од петта категорија, синоќа го погоди островот Доминика, а премиерот на оваа карипска држава Рузвелт Скерит рече дека Доминика е уништена и ја повика меѓународната заедница да помогне.Островската држава Доминика на Карибите претрпе штета од огромни размери по ударот на ураганот „Марија“, истакнал премиерот Рузвелт Скерит.
Ураганот, кој вчера доцна вечерта го погоди островот, со силните ветришта косеше се пред себе, а го однесе и кровот на официјалната резиденција на премиерот.
-Ве молам, кажете му на светот дека Доминика е уништена, изјавил премиерот за Nation News.
Тој истакна дека се засолнил во подрум откако ветрот го однел покривот, а куќата му е поплавена, додавајќи дека речиси со сите луѓе со кои разговарал останале без покрив над глава.
– Изгубивме сѐ што може да се купи со пари“, напиша премиерот на Фејсбук.
Скерит нагласи дека не знае дали има загинати и повредени, и дека сега е фокусиран на спасување на блокираните граѓани и давање медицинска помош на повредените. Тој ја повика меѓународната заедница да помогне.
– Ќе ни биде потребна помош пријатели. Помош од било кој вид, порача тој, нагласувајќи дека особено е потребно помош од хеликоптери, за да можат властите да ја проценат штетата.
Ураганот Марија во текот на поголемиот дел од вчерашниот ден беше во четврта категорија, но доби на сила вечерта, во моментите кога ги погоди Доминика и француските острови Мартиник и Гвадалупе.
 
 Островската држава Доминика на Карибите претрпе штета од огромни размери по ударот на ураганот „Марија“, истакнал премиерот Рузве

Пронајдете не на следниве мрежи: