Ураганот Марија, кој веќе е од петта категорија, се движи кон Американските Девствени Острови и Порторико, откако претходно со разорна моќ го погоди малиот карипски остров Доминика, објави американскиот Национален центар за урагани.Се очекува Марија да остане ураган од исклучително опасна категорија – четири или пет, додека преминува покрај или преку Девствените Острови и Порторико, соопшти Центарот со седиште во Мајами.
Истовремено, и тропската бура Хосе може да нанесе штета на американското источното крајбрежје.
Гувернерот на Порторико, Рикардо Розело, каде што веќе почнаа обилни врнежи, предупреди дека Марија може да го погоди островот со таква сила и разорна моќ, како што не се видени со децении.
– Ќе изгубиме голем дел од инфраструктурата во Порторико, рече тој, додавајќи дека се очекува прекин на електричната енергија и комуникациите.
Властите ги предупредија граѓаните во дрвените куќи или слаба конструкција да најдат побезбедни засолништа.
-Морате да се евакуирате, во спротивно, ќе ги загубите животите. Не знам како да ви кажам појасно, изјави Хектор Пескара, офицер за јавна безбедност на островот.
Во текот на вчерашниот ден, беше потврдено дека едно лице настрада од последиците од ураганот Марија на францускиот остров Гвадалупе.
Пријавено е исчезнување на две лица, откако нивни брод потона кај најисточниот остров на архипелагот на француската територија Ла Дезирад, кој е под управа на Гвадалупе.
Ураганот, наречен Марија, втората силна бура која ги погоди Карибите овој месец, го погоди и јужниот брег на Гвадалупе, продолжувајќи северозападно кон Американските Девствени Острови и Порторико.
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Порторико и Американските Девствени Острови и го овласти Секретаријатот за внатрешна безбедност и Сојузната служба за итни случаи да ја координираат целата помош.
Се очекува Марија да остане ураган од исклучително опасна категорија – четири или пет, додека преминува покрај или преку Девствени