Препознајте ги во текстот своите партнери, пријатели и најблискиНа пат
Овенот се нервира затоа што возилото не оди побрзо, а Девицата поради ронките кои се појавиле откако Скорпијата кришум изела сендвич за никој да не и бара „гриз“. Стрелецот ставил очила за сонце и ги соблекол апостолките, па босите нозе ги дигнал на седиштето пред себе поради што Ракот се раскплакал.
Близнакот веќе сменил неколку статуси на Фејсбук: „Тргаме“, „Тргнавме“, „Еве патуваме“, „Супер ни е“, „Еве Скорпијата јаде, Ракот плаче, Овенот ми оди на нерви…“. Вагата внимава да не се истутка и љубезно го замолува Бикот да се тргне од неа со чоколадото и сокот бидејќи ќе ја извалка.
Лавот низ прозор им мавта на сите кои ќе ги види на минување бидејќи е сигурен дека сите гледаат во него. Јарецот ги пребројува парите и сметките колку може да потроши на ден во просек. Водолијата ја пробува маската за нуркање. Рибата спие.
На целта
„Фала богу, стигнавме“, објавува нов статус Близнакот. Водолијата лајкува. Овенот веќе е во море. Скорпијата со торбата веќе го зафатила тоалетот поради што Вагата плаче пред врата бидејќи мора итно да се преслече и да ја поправи фризурата. Девицата има нервен слом бидејќи во апартманот веќе е тотален хаос, никој не ги средил работите!
Стрелецот заминал во обиколка на местото, Бикот по риба за скара, Ракот готви супа за сите. Јарецот уште еднаш ги пребројува парите и се ценка со сопственикот на апартманот. Рибата само што се разбудила и размислува за смислата на животот.
На плажа
„Јухуу, стигнавме на плажа“, Близнакот повторно објавува слика на Фејс, Инстаграм и Твитер: На сликата Девицата е под шешир, а во рака држи крема со фактор 50. Ракот е замотан во крпа со ликови од цртани филмови.
Вагата има костум за капење во вредност на половен автомобил. Лавот покажува совршена фигура, Рибата не се гледа од сопствениот фотоапарат, а Стрелецот им држи рокчиња на Лавот и Вагата. Скорпијата се свртела со грб и забранила тагирање.
Водолијата се слика со маската за нуркање и пераите. Јарецот има три книги под рака, Бикот лиже сладолед. Овенот го нема на фотографијата, отпливал 200 метри.
Во вечерните часови
„Прекрасна вечер“, твитнува Близнакот и не објавува слика бидејќи поцрвенеле на сонцето сите освен Девицата. Бикот распалил скара, а Лавот тврди дека тој знае подобро. Стрелецот го повикал цело соседство на забава, на Скорпијата тоа не и се допаднало па се мурти во ќошот.
Ракот на сите им сервира чинија овошје. Вагата е во вечерна тоалета и ја убедува Рибата да ја слика во сите пози. Водолијата предлага утре да се оди на натпревар во нуркање или во подводен риболов, Јарецот на таблет веќе пресметува дали е исплатливо. Овенот заминал на ноќно капење.
Без оглед на тоа кој е што во хороскоп, сигурни сме дека ќе се насмеете слатко.На пат
Овенот се нервира затоа што возилото не оди побрзо, а Девицата поради ронките кои се појавиле откако Ск