Руските хакери развија УСБ што го убива секој уред на кој ќе се спои со напон од 220 волти.Изумителот на овој уред, познат под името Dark Purple, тврди дека единствената функција на овој изум е уништувањето на електричните уреди во случај на нужда.
Gadget Killer функционира на сите уреди на кои ќе се спои и кои имаат УСБ излез, како што се лаптопите, компјутерите, телевизорите и слично.
Уредот во приложеното видео е унапредена верзија, бидејќи претходната верзија имала само 110 волти.
Рускиот хакер изјавил дека не сака да го продаде својот изум, ниту пак д аго користи.
„Gadget Killer е како атомска бомба. Возбудливо е некој да го поседува, но не смее да се употреби“ – изјавил Dark Purple.
Меѓутоа, уредот ги уништува сите компоненти – матичната плоча, единиците за напојување, сѐ освен хард дискот. Тоа значи дека луѓето кои се во неволја, како што се новинарите, политичките активисти и свиркачите, не би требале да се потпираат на овој изум бидејќи не ги уништува хард дисковите на кои се наоѓаат сите информации.Изумителот на овој уред, познат под името Dark Purple, тврди дека единствената функција на овој изум е уништувањето на електричните уреди во случај