Спроведувањето на генералниот реизбор на судии ќе биде противуставно, противзаконско и против европските стандарди и ќе претставува отворена партизација на судството, предупреди вчера Бранко Ушковски, поранешен претседател на Републичкиот судски совет. Тој реагира на завчерашната најава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека опозицијата веќе подготвила проект за генерален резибор на 650 судии во земјава. Заев најави дека за речиси 20 судии веќе нема да има место во судскиот систем. Реизборот ќе се изврши на начин што сите актуелни судии ќе имаат право да се пријават, пишува Дневник.-Но, сите имаат своја работна историја за тоа како ја извршувале функцијата, па оттаму одговорност за одлуките што ги носеле ќе мора да понесат одредени меѓу нив. Изборот мора да биде транспарентен – изјави Заев.
Лидерот на опозицијата најави и тоа дека на судството ќе му биде дадена целосна финансиска самостојност.
– Јавниот обвинител на Република Македонија ќе биде избран од опозицијата за да ја контролира власта. Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија и Јавното правобранителство ќе им се дадат на раководење на граѓаните, односно на граѓанскиот сектор – рече Заев.
Ушковски, кој беше дел до РСС како еден од петтемина членови за кои не беше потребно да се од редот на судиите, ни рече дека со индигнација ги отфрла ваквите најави.
– Изразувам разочарување од ова, ова ќе биде удар врз судството, а очигледно е дека ова се прави за дневнополитички потреби и цели што се насочени кон уривање на целокупниот судски систем. Ќе добиеме партизирано судство, кое би било надвор од владеењето на правото, а тоа се покажа и со формирањето на специјалното јавно обвинителство – потенцира тој.
Според него, прашање е кој морален кредибилитет има најголемата опозициска партија што во 1996 година, како партија на власт, изврши избор на сите судии и обвинители во земјава во услови кога тогашната опозиција беше надвор од парламентот.
– Тој избор на судии од 1996 година не може да има кредибилитет поради начинот и околностите под кои е извршен иако повеќето од судиите што биле избрани чесно и одговорно си ја извршуваат функцијата – смета поранешниот претседател на РСС.
Изборот на судии во земјава сега се врши од страна на Судскиот совет, при што се применуваат европски стандарди. За судија на основен суд може да се избере само кандидат што ја завршил Академијата за обука на судии и јавни обвинители, за судии во апелациски суд може да се избере кандидат што има работно искуство од четири години како непрекинат стаж во основен суд, а за судија на врховен суд може да се избере кандидат што има непрекинато искуство од шест години како апелациски судија. Освен ова, за избор во повисок суд се избира само кандидат што бил оценет со највисока оценка во последната година и во однос на други кандидати има највисока оценка.
Во СДСМ вчера не одговорија на нашите прашања за тоа како планираат да го спроведат најавениот резибор, односно преку какви измени на законските прописи и кои се гаранциите дека нема да се случи партизација на судството. Исто така, не одговорија на прашањето по кои критериуми невладините организации ќе добијат право да раководат со важни државни организации.-Но, сите имаат своја работна историја за тоа како ја извршувале функцијата, па оттаму одговорност за одлуките што ги носеле ќе мора да понесат одр