Прашањето за формирање на специјално судско одделение кое би постапувало по предметите што ги иницира СЈО, а за кое има и барања истото да биде дури и надвор од ингеренциите на претседателот на Судот, не може воопшто да се отвори на преговорите во Пржино. Ова во интервју за Курир го вели Бранко Ушковски, поранешен претседател на Судскиот совет на Република Македонија.Ушковски додава дека прашањето воопшто не може да се отвори затоа што такви измени во законот не се предвидени ниту во реформските приоритни активности, кои се детално утврдени во извештајот на Прибе, ниту пак истите се предвидени во договорот од Пржино кој е потпишан и е во фаза на реализација односно истиот подолг период по сите прашања веќе се спроведува.
-А сето друго се само инсинуации и апсурдни предлози. Како апсурдни предлози би го посочил примерите од минатото или пак за истото и сега некој да бара формирање специјални судски оделенија за постапување по предмети за спроведената криминална приватизација пред повеќе години, или оделение за финансиски криминал на државни пари за периоди кога во РМ ништо не се градело, како и разни други одделенија за разни периоди и за разни видови на кривични дела и се така до бескрај, за кое би било и потребно барем за пет пати да се зголеми сегашниот број на судии, смета Ушковски.
Па во таа смисла, коментира поранешниот прв човек на Судскиот совет, за да не доаѓа до вакви апсурдни предлози, Законодавецот во Законот за судовите, покрај другото правилно предвидел „Во Основниот суд Скопје 1–Скопје се формира специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на Република Македонија“, каде детално е уредена надлежноста на ова судско одделение по кои кривични дела ке постапува и каде меѓу другото се опфатени и напред наведените дела.
Какво е Вашето мислење во врска со предлозите со кои се бара специјално судско оделение, да биде надвор од ингеренциите на претседателот на Судот?
На ова најнапред морам да укажам дека предлагачите само декларативно се залагаат за судската независност, а всушност со нивните предлози за формирање на специјални судски одделенија за постапување по предметите од СЈО, а истовремено таквото оделение, да биде дури и надвор од ингеренциите на претседателот на судот со тоа всушност се сака да се наметне влијание врз судството преку формирање на паралелно судство и рушење на интегритетот на целокупниот судски систем .
Затоа што во таков случај по сите основи истото би било спротивно не само на постоечкиот Закон кој е во примена, туку тоа би било спротивно и на Уставот. Затоа што во таков случај, со предлогот истото оделение да биде надвор од ингеренциите на актуелниот претседател на судот, всушност со тоа повторно се заговара на мала врата да се формира Специјален суд. За кое конечно на сите веќе им стана јасно дека истото е спротивно на Уставот .
Во јавноста се говори за инсинуации, конструкции и перцепции кои му се наметнуваат на судството за политички цели. Како го коментирате ова?
Јас не сум информиран за тоа дека странски лица односно амбасадори, а во конкретниот случај американскиот амбасадор се обидуваат да ја поткопаат стабилноста на Македонија преку подршката што ја давале за владеењето на правото во земјата.
Во ваквите инсинуации наискрено не сакам да верувам, затоа што особено САД, освен во безбедноста на земјата, тие преку разни нивни програми и ангажмани (иако не сум во тек колку пари за тие програми потрошиле) сигурно дека имаат некој свој придонес и за судството. Но, во колку и евентуално под претпоставка такви влијанија ако ги имало во судството, (пример дури и само ако се дадени изјави со кои однапред да се сугерира на одговорност без завршена судска постапка), во таков евентуален случај на никого не му е дадено за право па и од кого да е, да импутира влијание во судството.
Единствено што преставникот на САД, би го замолил како наши стратешки партнери, а особено во овие наши актуелни состојби како што континуирано тоa го прават преку давање подршката на СЈО, истите континуирано таква поддршка да ја даваат и за Судството во нашата земја.
Со ова ценам дека еднаш за секогаш ке се стави крај на шпекулациите за неподобноста на судиите, кога преку одредени судии-поединци кои несовесно или нестручно си ја извршувале својата функција, истите да се генерализираат со сите судии во РМ, а тоа би било некоректно и неодговорно во било која земја, па и во САД.
Дали нашето судство ги има потребните перформанси и капацитети за квалитетно и ефикасно исполнување на својата функција?
Сигурно дека Судството не смее и не треба да биде надвор од „контролата“ на јавноста. Но кога намерно под менторство на некои центри на моќ, неоправдано му се инпутираат влијанија за постапувањето на судиите, со кое на судството сакаат да му нанесат огромна штета, за кое по друг повод истакнав дека навистина тешко ке се надомести и исправи.
Убеден сум дека тие центри на моќ наметнуваат една таква перцепција за судството, со кое ја дефукусираат јавноста дека нивните оценки, коментари или некоја Анализа и врз основа на истите си земаат за право на ексклузивитет а тоа е дека нивната перцепција за состојбите во судството е апсолутна вистина.
За жал на истите иако во минатото го немаа ниту како идеја, она што во последните години е постигнато преку имплементирање и спроведување на највисоките Европски стандарди, па со право Ве уверувам дека нашето судство ги има потребните перформанси и капацитети за квалитетно и ефикасно исполнување на својата функција.
Но очигледно сето тоа на некого не му одговара, па затоа прават конструкции и инсинуации за судството кои им се наменети за актуелните политички потреби и цели – како што сега го актуелизираат (иако тоа е надвор од Пржинскиот договор и истиот е во фаза на спроведување), нивното барање да се формира специјално судско одделение кое би постапувало по предметите што ги иницира СЈО. Се разбира дека со ова не може да се избега од фактот дека сето тоа е насочено за намерно рушење на интегритетот на целокупниот судски систем. Во кое истите очигледно најдобро се снаоѓаат.
Сигурно дека ваквата перцепција за судството иако е наметната и менаџирана со постојан и директен атак на оние кои само декларативно се залагаат за нивната независност, во секој случај истите нанесуваат огромна штета на судството за да се деградира на довербата во судството, а за жал со таквата нивна перцепција за судството ги убедуваат и меѓународните фактори.Ушковски додава дека прашањето воопшто не може да се отвори затоа што такви измени во законот не се предвидени ниту во реформските приоритни активн