Државната изборна комисија (ДИК) потврди, има услови за кредибилни избори на 5-ти јуни. Од денес почнуваат да течат законските рокови за предвремените парламентарни избори на 5 јуни.Со двотретинско мнозинство, односно со 6 гласа за без присуство на членовите на опозицијата Државната изборна комисија донесе одлука дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни. Одлуката дојдена барање на меѓународниот фактор ДИК да излезе со конечен став околу тоа дали се исполнети условите за избори.
Државната изборна комисија се изјасни дека е подготвена за спроведување на изборите. Со ова веќе нема никакви дилеми и изговори за организирање на изборите на 5 јуни. Се потврди дека Избирачкиот список нема никакви фантоми како што тврдеше СДСМ. Списокот на гласачи беше проверен по сите основи, па дури првпат беше спроведена и теренска проверка. Таа покажа дека списокот е чист и дека тој и досега редовно се ажурирал.
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски согласно уставните и законските надлежности, вчера потпиша Решение за распишување предвремени избори на пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година.
Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.
Во контекст на ова и согласно воспоставената пракса, претседателот Вељаноски, упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, г. Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент, г. Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, г. Мајкл Р. Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието на Република Македонија да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите, известува прес-службата на неговиот кабинет.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на медиумското известување за Предвремените парламентарни избори.
Мониторинг тимот на Агенцијата и неколку надворешни соработници, секојдневно ќе ја следат 24-часовната програма на националните телевизии и радија. Согласно Методологијата за мониторинг на изборното претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси, во периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања, предмет на мониторингот се два телевизиски и два радио сервиси на Јавниот радиодифузен сервис и Собранискиот канал, петте телевизии кои емитуваат програма преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс, петте сателитски телевизии, четирите кабелски телевизии и две од националните комерцијални радија.
– Досега, со мониторингот се следеше дали се почитуваат забраните за емитување реклами финансирани од јавни средства и за емитување платено политичко рекламирање. Отсега, на ова се надоврзува и мониторингот на известувањето во централните дневно – информативни емисии, како и на пристапот во сите информативни програми, а за сите други програмски сервиси Агенцијата ќе врши мониторинг врз основа на претставки, истакна Зоран Трајчевски, директор на Агенцјата на денешната прес конференција.
Од денеска функционира и посебен дел на веб страницата на Агенцијата посветен на Изборите 2016 година, во кој можат да се погледнат Изборниот законик, Методологијата за мониторинг, ставовите на Агенцијата во врска со изборната регулатива, материјалите од реализираните обуки со радиодифузерите и линк до формуларот за претставки за сите граѓани и правни субјекти кои имаат забелешки на известувањето на медиумите. Овде Агенцијата ќе ги објавува и извештаите од сите констатирани прекршувања на Изборниот законик врз основа на кои ќе бидат поведени прекршочни постапки пред надлежните судови. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и на англиски јазик.
– Би било навистина корисно за демократијата во земјата кога не би имале причина да изрекуваме мерки и кога медиумите би го покажале кон граѓаните почитувањето кое тие го заслужуваат, на тој начин што ќе известуваат согласно професионалните принципи и стандарди, јасно ќе прават разлика меѓу фактите и коментарите и нема да испуштаат суштински информации за настаните заменувајќи ги со реакции – надополни Трајчевски.Со двотретинско мнозинство, односно со 6 гласа за без присуство на членовите на опозицијата Државната изборна комисија донесе одлука дека се исполн