Условни казни од шест месеци и една година за двајца демонстранти

Условни казни од шест месеци и една година им изрече денеска Кривичниот суд на Н.А. и Ф.Н. обвинети за кривичното дело „учество во толпа“, поврзано со протестите кои се одржаа пред Народната канцеларија на претседателот на Репубика Македонија.-Двајцата обвинети, како што самите се произнесоа во судница, доброволно, свесни за правните последици и неприсилени од никого, ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар, па Судот ценејќи ги олеснителните и отежителните околности за двајцата обвинети, донесе пресуда врз основа на признание на вина со што двајцата ги огласи за виновни, соопшти Основниот суд Скопје 1.
На обвинетиот Н.А. му е изречена алтернативна мерка – условна осуда во траење од шест месеци затвор, која казна нема да се реализира доколку во следните две години не стори ново кривично дело.
На обвинетиот Ф.Н. му е изречена алтернативна мерка – условна осуда во траење од една година затвор, која казна нема да се рализира доколку во следните три години не стори ново кривично дело.
Судот ја укина мерката куќен притвор за двајцата обвинети.-Двајцата обвинети, како што самите се произнесоа во судница, доброволно, свесни за правните последици и неприсилени од никого, ја признаа вината з

Пронајдете не на следниве мрежи: