Успех во компактниот сегмент: Произведени 500.000 автомобили ŠKODA Rapid

> ŠKODA Rapid е втор најпродаван модел на Škoda;
> Забележано е зголемување на продажбата од 12,3% од почетокот на годината до крајот на месец мај;
> Сега дури уште подобри ŠKODA Rapid и ŠKODA Rapid Spaceback со нови информативно забавни системи, подобрени системи за безбедност и помош на возачот како и со нови мотори кои ги исполнуваат ЕУ-6 стандардите.Производителот од Чешка произведе 500.000 возила ŠKODA Rapid. Јубилејното возило ŠKODA Rapid Spaceback во црвена боја излезе од производната лента на главната фабрика на Škoda во Млада Болеслав. И двете изведби лимузината Rapid и хечбекот Rapid Spaceback се одлично примени од страна на клиентите, оттаму Rapid сега е втор најпродаван автомобил од гамата на ŠKODA. Пред неколку недели, ŠKODA Rapid и Rapid Spaceback беа подобрени со зголемени можности за поврзување, подобрени системи за безбедност и помош на возачот како и со нови мотори кои ги исполнуваат ЕУ-6 стандардите.
„Како второ најпродавано возило од гамата на Škoda, Rapid е важен столб од нашата меѓународна стратегија за раст. Со новите тековни надградби на технологијата и моторите, овој модел Škoda станува уште поатрактивен“, изјави Вернер Еикхорн, член на одборот за продажба и маркетинг.
Лимузинската изведба ŠKODA Rapid во Европа беше лансирана во 2012 година, Rapid Spaceback беше претставен кон крајот на 2013 година. Во светски рамки, ŠKODA испорача 91.400 ŠKODA Rapid модели кон клиенти во првите пет месеци од оваа година – со што е забележано зголемување на испораките од 12,3% во споредба со истиот период минатата година.
Со лансирањето на ŠKODA Rapid – во тоа време беше претставена „новата класа на ŠKODA” со што производителot од Чешка постави нови стандарди во класата на компактни лимузини и беше пополнето местото во компактниот сегмент помеѓу Fabia и Octavia. Со ова возило беше претставен новиот дизајнерски јазик на брендот. Škoda Rapid Spaceback беше воведен една година подоцна и го одбележа влегувањето на брендот во уште еден стратешки важен сегмент.
Како што се очекуваше ŠKODA со Rapid и Rapid Spaceback постави нови стандарди во сегментот со висока функционалност, модерна технологија и „Едноставно паметни” иновации. Покрај најголемиот внатрешен простор во класата и двете верзии од моделот имаат атрактивен дизајн кој беше меѓународно признат со две Red Dot награди за дизајн.
Отсега во овие модели на ŠKODA, ќе бидат достапни и со најновата генерација на модуларениот забавно информативен систем од Volkswagen (MIB II) и SmartLink кој ќе овозможи лесно и брзо поврзување на Rapid со паметен телефон или таблет. SmartGate интерфејсот на ŠKODA може да се користи и за добивање на корисни информации од возилото и истите да бидат прикажани на Вашиот паметен телефон или таблет.
Во однос на безбедноста, кај Rapid и Rapid Spaceback сега се достапни и со голем број на нови системи за помош, вклучувајќи Front Assist – систем кој го намалува ризикот од удар напред, системот за сопирање во случај на повеќекратен судир, систем за помош при управување со приколка, систем за откривање замор, сензори за паркирање напред и назад, LED дневни светла, автоматско регулирање на долгите светла Light Assist и автоматскиот систем за пристап во возилото и стартување на моторот KESSY.
Покрај сите овие новитети, семејството ŠKODA Rapid ги има и новите модерни, еколошки ЕУ-6 мотори.Производителот од Чешка произведе 500.000 возила ŠKODA Rapid. Јубилејното возило ŠKODA Rapid Spaceback во црвена боја излезе од произ

Пронајдете не на следниве мрежи: