Успешна приказна во Србија-Wannabe magazine

Интервју со девојките кои стојат зад оваа успешна приказна наречена Wannabe magazine…Како се создаде Wannabe Magazine и дали до денес ги исполнивте своите очекувања и визии ?
 
Nađa Jokanović: “Wannabe”  се создаде од заедничкото дружење меѓу мене и Nine Milović, како и од желбата на Нина да направи моден блог кој ќе се занимава со српската модна сцена и кој би го промовирал модниот бренд “Wannabe” . Во прв момент се беше на ниво на хоби. Од сегашната перспектива гледано, можам да кажан дека не бевме свесни во што влегуваме и што не чека на патот шо кој тргнавме. Како голем реалист кога станува збор за работа, секогаш со резерва сум ги прифаќала сите идеи и визии, а Нина беше визионер и едноставно знаеше дека нашите високи цели ќе се остваруваат.
Тоа е навистина идеална комбинација кога станува збор за бизнис партнерство. Мислам дека суште сме на патот кон остварување на своите планови, успехот е релативна категорија и има уште многу работа пред нас и уште многу идеи за реализација.
 
Во овие тешки и несигурни времиња, колку е значајна истрајноста и вербата за успех во вашата работа?
 
NAĐA JOKANOVIĆ: Мислам дека посветеноста (непоколебливост ?) ,вербата во идејата и упорноста во реализацијата на истата, се најважни ако сакате успех односно да го исполните тоа што сте го замислиле.
 
NINA MILOVIĆ: Истрајноста е веројатно и најзначајна.Вашата идеја може да биде извонредна, но ако немате сила да истраете во нејзината реализација и да бидете спремни на многу непроспиени ноќи и затворени врати, тогаш нема ништо да постигнете.

Што за вас претставуав работата?          
 
NAĐA JOKANOVIĆ: Искрено верувам дека мора да се сака секој чекор на патот до целта, бидјеќи само тогаш, кога постои таа љубов кон процесот, резултатите нема да изостанат. Морате да го најдете вашето
 „Зошто?“, да ја најдете ваша смисла, убедување или движечка сила која ве инспирира секое утро да се разбудите и од почеток да се борите со пречките кои секогаш постојат на патот до целта.  И , ако зборуваме искрено, доколку постои вистинска амбиција, тогаш не постои крајна цел. Вистинските победници знаат дека секогаш можат повеќе и подобро и дека постои нешто ново што можат да научат.
 
Како во морето на обврски, ја пронаоѓате златната средина меѓу работниот и приватниот живот, и успевате да си посветите време сами на себе?
               
NAĐA JOKANOVIĆ: Се обидувам да го забавам темпото на животот и работата колку што е возможно. За мене работата е живот, а се обидувам да не биде и обратно , туку квалитетно да го поминувам слободното време, во активности кои ми пријаат, во размена на идеи со други интересни личности, во учење од личности кои веќе многу постигнале. Моментот кога ќе се освестите што е вредно за вашето време и самата свесност за тоа е оној момент кога ќе сфатите дека сте всушност на патот да бидете целосно задоволни со својата реалност.
 
NINA MILOVIĆ: Ќе звучи како клише, но морате да го пронајдете тоа што го сакате и потоа потполно да се препуштите на таа љубов. За жал,реалноста во Србија, а и во регионот е таква што ова е совет кој на многумина нема да им помогне или кој многумина нема да можат да го следат. Многу луѓе немаат храброст ни да пробаат, што е од една страна и разбирливо. Меѓутоа, ништо во животот нема да ви дојде само по себе.Морате да создавате можностите, да бидете спремни на критики и неуспеси. И на крај, , како во приватниот така и во бизнис светот, опкружете се со личности кои имаат исти разбирања како вас и кои сакаат да ви пружат подршка на тој пат.
 
Што уште гледате како начини да се поврзуваат луѓето и да се умрежуваат за да создаваат поубава и подобра реалност?
 
NINA MILOVIĆ: Интернетот завладеа со комуникацијата меѓу луѓето. Сите зборуваат за умрежување, а можеби е крајно време да се вратиме на *размрежувањето*. Без оглед на тоа што креирам online магазин, сепак сум заговорник на теоријата дека живиот збор, контактот очи во очи се основа на човечката комуникација. Виртуелниот свет е интересен, шарен, преполн со корисни информации, но огромна мана му е што трае само онолку колку што ви е уклучен уредот преку кој во него влегувате и живеете. Без современата технологија денес не се може и за тоа сме свесни, паметното користење на технологијата многу го олеснува животот на современиот човек. Поубава и подобра реалност ќе се создаде кога повторно едни на други ќе си посветуваме доволно реално време, како што тоа ние секојдневно го правиме во нашиот тим.Како се создаде Wannabe Magazine и дали до денес ги исполнивте своите очекувања и визии ?
 

Пронајдете не на следниве мрежи: