Следете го нивниот пример.Како што вели познатата изрека, животот почнува на крајот на удобната зона, што е сосем логично, со оглед на тоа дека животот и учењето одат рака под рака.
А, како што неодамна е објаснето во едно истражување, на крајот на таа зона, за многу жени почнува и деловниот успех.
Имено, нашите работни места често се полни со ситуации што на вработените им задаваат големи главоболки, а тоа најчесто се роковите, јавниот говор, презентирање на идеите пред шефовите итн. Таквите ситуации се многу важни професионално, но можат да бидат многу застрашувачки и тешко може да се избегнат.
Наједноставниот одговор секако е нивното избегнување, но, со тоа не преземаме ризик и можеме да пропуштиме важни можности за напредување, откриваат експертите.
„Бидете искрени кон себе за тоа што е причина на вашиот страв, односно избегнуањето на одредените ситуации на работа. Мора да излезете од удобната зона. Она од што сте се плашеле на почетокот, ќе излезе дека и не е толку страшно како што ви се чинело.
Со други зборови, ако мислите дека е време да побарате покачување на платата, да го решите проблемот со некој колега или да разгоарате со шефот за количината на работата, направете го тоа бидејќи никогаш не знаете каде може да ве однесе.
Ако тоа не го направите, можете само да размислувате за тоа што би било, кога би било…Среќно!Како што вели познатата изрека, животот почнува на крајот на удобната зона, што е сосем логично, со оглед на тоа дека животот и учењето одат рака п