Состаноци со директори и заменици-директори на издавачки куќи од Пекинг заинтересирани за објавување книги од македонски поети, романсиери и писатели за деца, работни средби со менаџери на две големи кинески дистрибутерски фирми што нудат продажба во Кина на антологиите на македонската книжевност преведени на кинески јазик, интервју на Јовица Тасевски-Етернијан за пекиншка телевизија, се дел од реализираните активности на 23. Меѓународен саем на книгата во Пекинг каде што Република Македонија беше успешно претставена.Штандот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ на кој беше претставено македонското книжевно творештво, континуирано го привлекуваше вниманието на посетителите кои беа особено заинтересирани за антологиите на македонската книжевност преведени на кинески јазик, како и за македонското културно наследство.
Одржани беа состаноци и со директорката за меѓународна соработка на групацијата во која членуваат педесет издавачи од Шангај, со директорот на центарот “Ксијан” при издавачот “Комерцијален печат” во врска со превод и издавање на книга за македонските цркви и фрескосликарството, како и со заменик-директорката на издавачкиот центар на универзитетот Југозападен Џијаотонг за превод и издавање на стручна литература. На кинеските издавачи им беше презентиран Конкурсот на Министерството за култура на Република Македонија за странски издавачи за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици.
На штандот беа остварени средби и со неколку преведувачи и универзитетски професори кои исто така пројавија интерес за конкурсот на Министерството за култура за финансирање преводи на дела од македонски автори.
Преку интервју на Јовица Тасевски-Етернијан за пекиншка телевизија, кинеската јавност доби информација дека комплет од антологиите на македонската книжевност преведени на кинески јазик, заинтересираните читатели можат да најдат во Националната библиотека на Кина.
Македонскиот штанд на саемот го посетија висока делегација на Министерството за култура на Република Македонија предводена од заменик-министерот Драган Недељковиќ и г. Бекри Ајдини од Амбасадата на Република Македонија во Пекинг.
Главен акцент на штандот на Република Македонија на саемот на книгата во Пекинг беше ставен на презентирањето на книгите од капиталниот издавачки проект Превод на антологии на македонската книжевност на шест странски јазици: кинески, руски, француски, германски, шпански и арапски. На македонскиот штанд беа изложени и дел од книгите од проектот Превод на англиски јазик на 135 тома “Македонска книжевност”, како и монографии за македонското културно наследство и други публикации.
Република Македонија беше вклучена меѓу 16 држави од Централна и Источна Европа кои имаа почесно место на 23. Меѓународен саем на книга во Пекинг. Република Македонија и македонскиот штанд беа претставени и во печатеното и во онлајн списанието на организаторот на саемот.Штандот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ на кој беше претставено македонското книжевно творештво, кон