Успешно реализирани бесплатните Вип спортски школи

Вип успешно го заврши проектот “Да спортуваме заедно”, со кој децата од 6 до 16 години имаа можност да бидат дел од бесплатните Вип спортски школи по пливање и тенис со што корисно ги пополнија деновите од летниот распуст.Бесплатните Вип спортски школи се одржуваа од 16 ти јуни до 16 јули , а можноста да бидат дел од нив ја добија 400 деца од целата земја и тоа 200 деца во школата за пливање и 200 деца во школата за тенис.
– Ова беше месец на дружење, спортување и учење за спортовите. Задоволството е уште поголемо што дечињата покажаа голем интерес и истрајност во минативе 30 дена и не се откажаа да научат нешто повеќе за пливањето и тенисот и ни ја потврдија нашата определба да продолжиме да инвестираме во спортот бидејќи веруваме дека спортот е неопходен елемент за здрав живот, изјави Никола Љушев – Извршен директор на оне.Вип.
Бесплатните Вип спортски школи се одржуваа два пати неделно во Вип базен и на Вип тениските терени во рамките на Спортскиот центар “Борис Трајковски”, а ги раководеа реномирани спортски тренери од Пливачката школа БЕТА и тренери од Тениската школа Борис Трајковски .
Бесплатните спортски школи на Вип се проект со кој компанијата уште еднаш ја потврдува својата определба да вложува во заедницата каде што работи и живее, а со тоа да претставува пример во заедницата во која делува.
 Бесплатните Вип спортски школи се одржуваа од 16 ти јуни до 16 јули , а можноста да бидат дел од нив ја добија 400 деца од целата земја и

Пронајдете не на следниве мрежи: